Дигиталниот маркетинг е едно од највозбудливите, најразновидните и динамични полиња за работа денес.

Покривајќи импресивен опсег на вештини и интереси, ова е индустрија во која има место и улога за секого. Од интроверти и екстроверти, до аналитички умови и креативци, дигиталните маркетери се разновидна група на талентирани поединци кои работат напорно за да лансираат продукти и да пренесат различни пораки.

Денес, брендовите знаат дека е потребно да се фокусираат и да инвестираат во дигитален маркетинг ако сакаат да останат конкурентни на пазарот. Навидум, сите сме добро запознаени со дигиталниот маркетинг и придобивките за компаниите, но кои се позитивните бенефити за дигиталните маркетери?

Натпросечни плати, сигурни работни позиции, многу кариерни можности и место за кариерен раст и развој се дел од предностите на кои може да се радуваш доколку се одлучиш за кариерна трансформација во полето на дигитален маркетинг.

Доколку сè уште се двоумиш дали дигиталниот маркетинг е вистинскиот кариерен избор за тебе, во продолжение ги издвоивме најважните 5 причини зошто да почнеш да учиш дигитален маркетинг уште денес.

 

 

1. Денешните компании целосно зависат од дигитален маркетинг

Единствената позитивна работа којашто произлезе од пандемијата која го зафати целиот свет е брзата и целосна дигитална трансформација. Луѓето ги променија своите навики за купување, работата на далечина стана новото нормално. Како резултат на овие промени, бизнисите започнаа да инвестираат повеќе финансии во дигитални канали отколку во традиционален маркетинг за да ги промовираат своите производи или услуги.

 

2. Зголемена побарувачка на дигитални маркетери на глобално ниво

Компаниите постојано регрутираат дигитални маркетери со цел да останат конкурентни на пазарот и да генерираат поголема продажба. Исто така, задачата на дигиталните маркетери е да им помогнат на компаниите во нивните маркетинг напори, а со тоа индустријата бележи брз раст. Иднината на работните места за дигитален маркетинг и понатаму останува сигурна бидејќи ова поле сè уште е актуелно.

 

3. На полесен и поефективен начин се допира до таргетираната публика

Маркетингот отсекогаш се фокусира на вистинската публика, на вистинското место и во вистинското време. Имајќи предвид дека преку 4,2 милијарди луѓе користат Интернет, ова е одлична можност да ги достигнеш потенцијалните клиенти кои чекаат да им се задоволи некоја потреба и желба. Твојата публика е онлајн. Со дигиталниот маркетинг можеш на полесен и поефективен начин да допреш до посакуваната публика бидејќи сите ние сме постојано достапни на социјалните медиуми и пребаруваме информации. Она што треба да го запомниш е дека треба да се фокусираш на она што клиентот го сака и нему му е потребно. Слушај ја публиката, поставувај прашања и планирај ги маркетинг активностите соодветно.

 

4. Секој бренд зависи од онлајн репутација и кредибилитет

Градењето на кредибилитет и репутација е сложен процес кој никогаш не престанува. Управувањето со дигиталната репутација во дигиталниот маркетинг е практика на следење и управување со имиџот на брендот користејќи онлајн тактики. Според последните статистики, 85% од купувачите им веруваат на онлајн коментарите и препораките коишто ќе ги видат додека пребаруваат одреден производ или услуга. Исто така, луѓето се спремни да купат само од бизнисите на кои им веруваат. Од таа причина, брендовите кои ќе ја заслужат довербата на клиентите се наградени со лојалност, поголема продажба и позитивни препораки.

 

5. Креативна професија со многу кариерни можности

Полето на дигитален маркетинг е вистинскиот избор за тебе доколку си креативна и open-minded личност, без разлика дали си почетник или експерт во некоја област. Постојат различни полиња во кои ќе можеш да ја започнеш и градиш својата кариера, како што се: Digital Marketing Manager, Content Marketing Manager, SEO Expert, Social Media Manager, Analytics Manager и многу други.

Една од главните предности за учење на дигитален маркетинг е тоа што ќе ја имаш слободата да избереш дали ќе работиш со полно работно време, со скратено работно време или нудејќи freelance услуги. Секогаш ќе можеш да работиш од удобноста на твојот дом или каде и да си. Сè што ти е потребно е добра интернет конекција и лап топ.

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!