Во оваа блог објава, си поразговаравме со Флорим Хаџиу – студент на нашата Академија за Front-End програмирање за неговото искуство и како тој си поминува на предавањата.

 
Здраво Флорим, ние веќе те познаваме, но како би се претставил на останатите, кој е Флорим?

Јас сум Флорим Хаџиу и живеам во Скопје. Работам во телекомуникациската компанија А1 Македонија, во одделот за кориснички развој и операции, и дополнително помагам на стартап компанија, која нуди сајбер безбедносни решенија во развивање на иновативни продукти и маркет валидација на истите. Сакам да патувам и да читам, но откако се роди син ми, некако доби монопол на целото мое слободно време и внимание. 🙂 

 

Како изгледа еден твој регуларен ден на Академијага за Front-End програмирање како студент?

Морам да признаам дека е интензивно, посебно што работните и семејните обврски го лимитираат времето што можам да го посветам на Академијата. Благодарение на флексибилноста и можноста за онлајн настава, како и одличната организација од страна на Бреинстер, успевам да бидам во тек со програмата и успешно да ги совладувам предизвиците.

 

Кој е твојот омилен модул и зошто?

Иако имаме уште модули, дефинитивно Јаваскрипт. Овој модул е најголемиот предизвик досега, каде потребна е комбинација на многу вложен труд, логика и анализа за успешно да се помине.

 
 
Што би раскажал за Академијата на некој што сака допрва да се запише и да започне кариера во оваа сфера? 

Би сакал да ги охрабрам сите кои сакаат да научат нови вештини и да се развиваат на професионален план, да се запишат на некоја од Академиите на Бреинстер. Ваше е само да покажете интерес, а за другото ќе се погрижат одличните инструктори и ментори.

 

Момент од Академијата кој засекогаш ќе го паметиш?

Моментот кога после само неколку месеци од почетокот на Академијата имав доволно знаење да го завршам првиот проект. Сигурно ќе има уште многу други моменти за паметење кои со нетрпение ги чекам.

 

Најважната лекција што ја научи на предавањата?

Потврдата дека со желба и труд во соодветна околина, секој може да се надгради на професионален и личен план.

 

И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?

Сигурен сум дека после завршувањето на Академијата ќе имам можност да работам на интересни проекти кои ќе им помогнат на многу компании и индивидуални корисници полесно да ги решат/надминат нивните проблеми/предизвици.

 

Уписите за следната група на Академијата за Front-End програмирање се во тек! 

Early Bird понудата на Академијата за Front-End програмирање важи за упис до 15 август.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!