Нема сомнеж дека науката за податоци ја обликува иднината. Како што бизнисите стануваат сѐ повеќе дигитализирани, улогата на Data Science станува сѐ поважна.

Data Science се занимава со процеси кои ги извлекуваат информациите од податоците. Спој на математика, статистика и компјутерски науки, со цел да се анализираат големи количини на податоци кои ќе овозможат подобро донесување на одлуки.

Целта на Data Science е да им овозможи на организациите да донесат подобри одлуки за тоа како и каде да ги распределуваат своите ресурси, како да оптимизираат деловни процеси, а воедно и да го подобрат искуството на своите клиенти.

 

Во продолжение, ги издвоивме 7-те најпопуларни Data Science професии

 

1. Data Scientist

Пронаоѓа, филтрира и организира податоци за компании. Основната работа на научникот за податоци е да решава деловни проблеми со решенија добиени од анализа на податоци и нивна обработка. Научниците за податоци потребно е да се способни да анализираат големи количини на сложени и необработени податоци за да пронајдат шеми и предвидувања кои ќе бидат од корист за организацијата при нејзиното донесување на стратешки деловни одлуки. 

Проценетa годишна плата според Glassdor изнесува: $119,856

 

2. Data Analyst

Како што сугерира и самиот назив на позицијата, основната одговорност на аналитичарите за податоци е трансформирање и манипулирање со големи збирки на податоци за да одговараат на посакуваната анализа за компаниите. За многу организации, оваа улога може да вклучува и следење на веб аналитиката и анализа од А/Б тестирање. Аналитичарите на податоци, исто така, помагаат во донесување одлуки со подготовка на извештаи за лидерите на организацијата, кои ефективно ги комуницираат трендовите и сознанијата добиени од нивната анализа.

Проценета годишна плата според Glassdor изнесува: $95,194

 

3. Machine Learning Engineer

Инженерите за машинско учење создаваат инки за податоци и испорачуваат софтверски решенија. Тие обично имаат потреба од напредни статистички и програмски вештини, како и познавање на софтверско инженерство. Покрај дизајнирањето и изградбата на системи за машинско учење, тие се одговорни и за извршување на тестови и експерименти за следење на перформансите и функционалноста на таквите системи.

Основната задача на инженерот за машинско учење е да креира програми и алгоритми кои овозможуваат машините да преземаат активности без да бидат насочени. Тие овозможуваат компјутерите да учат автоматски и да продолжат да импровизираат од искуство, без да бидат рачно програмирани.

Проценета годишна плата според  Glassdor изнесува: $123,929

 

4. Data Architect

Архитектот на податоци е ИТ професионалец кој е одговорен за политиките, процедурите, моделите и технологиите што треба да се користат при собирање, организирање, складирање и пристап до информации за компанијата. Задачата на архитектите на податоци е да осигураат дека решенијата за податоци се изградени на тој начин што базите на податоци можат лесно да се интегрираат, централизираат и да се заштитат со најбезбедни мерки. Тие исто така, гранатираат дека инженерите за податоци ги имаат најдобрите алатки и системи за работа.

Проценета годишна плата според Glassdor изнесува: $134,605

 

5. BI Developer

BI девелоперите дизајнираат и развиваат стратегии за да им помогнат на деловните корисници брзо да ги пронајдат информациите што им се потребни за да донесат подобри деловни одлуки. Тие се data-savy, користат BI алатки или развиваат сопствени аналитички апликации за BI, со цел да го олеснат разбирањето на нивните крајни корисници.

Проценета годишна плата според Glassdor изнесува: $114,210

 

6. Statistician

Статистичарите работат на собирање, анализа и интерпретација на податоци со цел да се идентификуваат трендовите и односите што може да се користат за информирање на организацијата. Дополнително, тековните обврски на статистичарите често вклучуваат дизајнирање на процеси за собирање на податоци, соопштување на наодите до засегнатите страни и советување на организацискиот тим.

Проценета годишна плата според Glassdor изнесува: $98,848

 

7. Data Engineer

Инженерите за податоци градат и тестираат скалабилни екосистеми за Big Data, така што научниците за податоци можат да ги извршуваат своите алгоритми на податочни системи кои се стабилни и високо оптимизирани. Инженерите за податоци, исто така, ги ажурираат постоечките системи со понови или надградени верзии на тековните технологии за да ја подобрат ефикасноста на датабазите.

Проценета годишна плата според Glassdor изнесува: $117,219

 

Уписите за следната група на Академијата за Data Science се во тек! 

Early Bird понудата на Академијата за Data Science важи за упис до 15 август.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!