Запознајте ја Анастазија Ристоманова – студент на нашата Академија за Full-stack програмирање, која со голема желба реши да го искористи летото и да ги надгради своите знаења во областа на full-stack development.

 

Студент: Анастазија Ристоманова

Академија: Академија за Full-stack програмирање

Професија: Specialist – Client Relations

Од првиот час на Академијата паметам: Млади и позитивни луѓе кои прават огромна промена во животот, иако можеби не беа толку свесни за тоа во тој момент.

Се решив да го искористам летото продуктивно за: Да се усовршам во сѐ што сме поминале досега.

Ја одбрав оваа област бидејќи: Сакав да се доквалификувам во областа на back-end development.

Со нетрпение чекам да започнат часовите за: PHP & Laravel

После предавањата секогаш: Ги пререшавам задачите од час. Бидејќи practice is everything.

Пред да се запишам, најмногу „ме плашеше“: Мојот time management и прашањето „Дали ќе ги постигнам предвидените рокови?”

Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Да навлезам длабоко во IT светот и да истражувам нови хоризонти.

Оваа област за мене значи: Простор за иновации.

Во слободно време: Па, немам слободно време оваа година бидејќи работам со полно работно време и сум студент на Академија.

Сакам да читам: Крими романи

Сакам да гледам: Ретко знам да се одлучам да гледам некоја серија, но повеќе преферирам книги.

Омилен цитат: „I am rooted, but I flow.” 

 

Уписите за следната група на Академијата за Full-Stack програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!