Секоја компанија, организација или агенција која сака да ја пренесе својата порака и да ја раскаже својата приказна преку визуелна содржина, мора да има дизајн тим или графички дизајнер.
Додека некои графички дизајнери се генералисти и можат да работат на повеќе видови проекти, други се специјализирани за поспецифични видови на графички дизајн.
Без разлика дали си почетник кој е љубопитен и сака да научи графички дизајн или искусен професионалец кој сака да премине во друга област, ги издвоивме најпопуларните патеки по кои можеш да ја движиш својата кариера во светот на графичкиот дизајн.
Вистинскиот избор на кариера зависи од многу фактори, како што се твоите вештини, страсти, интереси и хоби. Ако сметаш дека имаш уметнички ум и развиена имагинација, ова е вистинскиот кариерен избор за тебе.
Како графички дизајнер имаш можност да работиш од дома и да бидеш поврзан со луѓето од целиот свет. Можеш да работиш и дополнително како фриленсер, а со тоа ќе имаш флексибилни работни часови и баланс помеѓу социјален и професионален живот.
Во продолжение, ги издвоивме 7-те најпопуларни Graphic Design професии
1. Brand Identity & Logo Designer
Графичките дизајнери кои се специјализирани за креирање на бренд идентитет и логоа предвидуваат, предлагаат и дизајнираат нови идеи за моќен визуелен идентитет, за нови и веќе постоечки брендови, организации, производи и услуги. Заедно со фонтот и боите, логоата се во центарот на секој бренд идентитет бидејќи ќе се користат насекаде за претставување на брендот, од веб страницата, па до билборди и реклами.
Проценета годишна плата според Glassdor: $97,336
2. Motion Designer
Motion дизајнот е прилично новитет во дизајнерскиот свет. Како што се развива технологијата, така се овозможува раст и развој на графичкиот дизајн. Со анимирање и создавање на живописни визуелни ефекти, motion дизајнерите ги носат филмовите, веб страниците, рекламите и дизајните на сосем ново ниво. Со зголемената распространетост на видео контент, motion дизајнерот може да работи речи сè, на било која дигитална платформа.
Проценета годишна плата според Glassdor: $93,307
3. Illustrator
Како илустратор, постојат многу кариерни можности. Илустраторот создава слики кои се во придружба на текст или објаснува некој концепт. Постојат многу стилови на илустрација погодни за различни формати, од магазини до книги и стрипови за деца. Како што технологијата се развиваше, така и илустрацијата еволуираше. Проширувајќи го стилот на рачно цртани илустрации до нивна дигитализација.
Проценета годишна плата според Glassdor: $92,117
4. Packaging Designer
На физичките производи потребно им е пакување. Сè, од кутии за житарки до ознаки на дизајнерска облека треба да биде дизајнирано од некој. Тоа е моментот каде што доаѓаат дизајнерите на пакување. Овие типови графички дизајнери треба да имаат силно разбирање за брендирањето, како и психологијата на однесувањето на потрошувачите за да создадат пакувања што ќе ги натераат клиентите да сакаат да купат. Тие треба да бидат умешни во теоријата на боите и типографијата, како и во сите закони или прописи за информациите што треба да се појават на пакувањето.
Проценета годишна плата според Glassdor: $98,612
5. Layout Designer
Layout дизајнерите се графички уметници кои се специјализирани за структура и композиција на дизајнерското дело. Тие работат на визуелно обликување на страници со цел да изгледа привлечно графичкото решение, но исто така, и јасно за разбирање од страна на консументот. Секој layout дизајнер треба да знае системи на пропорции, grid системи, баланс, порамнување, за белиот простор итн.
Проценета годишна плата според Glassdor: $90,661
6. Print & Publication Designer
Графичките дизајнери порано целосно работеа во светот на печатењето, а сè уште има вакви кариерни можности за овој вид на дизајн во 2022 година. Графичките дизајнери во индустријата за печатење и објавување, потребно е да ги разберат принципите на добриот дизајн, како и техничките спецификации за создавање на принтови подготвени за печатање. Тие, исто така, треба да имаат разбирање за теоријата на бои и типографијата, како и за тоа кои типови на слики најдобро функционираат во печатени наспроти дигитални средини.
Проценета годишна плата според Glassdor: $94,718
7. Freelance graphic designer
Графичките дизајнери кои ќе се одлучат да работат како фриленсери уживаат голема независност бидејќи не се обврзани да работат само за една компанија. Наместо тоа, тие можат да работат на повеќе проекти, за повеќе клиенти истовремено. Исто така, не е ни зачудувачки фактот што многу фриленсери заработуваат повеќе и дополнително. Да се биде фриленсер значи да се работи по сопствена организација, на проектите што ги сакаш, во било кое време и од било кое место.
Проценета годишна плата според Glassdor: $82,164
Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек!
Early Bird понудата на Академијата за графички дизајн важи за упис до 15 август.
Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!