Главната мисија на Brainster е да ги подготви индивидуалците за кариера од 21 век преку совладување на дигитални и други вештини на иднината, со цел тие да останат релевантни во новиот технолошки свет.

Секој вработен во Brainster e целосно посветен на оваа мисија и прави сѐ за на студентите да им помогне да дојдат до просперитетна кариера преку едукација.

Во оваа блог објава од серијалот We are Brainster, ќе ја запознаете Симона Паризова – Team Lead во секторот за финансии и администрација на Brainster. 

Како мајка на 11-месечно детенце се соочува со сите дилеми и предизвици карактеристични за мајките со бебиња и балансирањето на потребите на синот и работните обврски. Но, вели дека има среќа што е вработена во Brainster, бидејќи работата од дома ѝ овозможува во секое време да стави приоритет таму каде што е потребна.

 

Дознајте што таа имаше да ни сподели околу тоа како ѝ поминува работниот ден, што ја прави исполнета и што ја мотивира.

 

 

Здраво Симона, можеш ли да ни споделиш повеќе детали за твојата работна позиција, по што е истата специфична?

Јас сум дел од менаџмент тимот на Brainster и Team Leader на секторот „Финансии & администрација”. Управувам со сите финансиски текови во компанијата и се грижам за работата согласно финансиските, правните закони и даночните стапки. Пратење на трошоците, анализирање на истите и финансиско известување на менаџментот за донесување на важни стратешки одлуки, се дел од работните обврски на мојот тим.

 

Како изгледа еден типичен ден во животот на Team Lead на финансии и администрација?

Михаил, мојот 11 – месечен син ја има улогата на аларм. Ме будат мали рачиња кои не се откажуваат додека не ме расонат. 

Бидејќи работам во компанија со светски стандарди која има политика на работа “Work from anywhere forever” & “Flexible working hours”, работниот ден ми почнува во домашна, комфорна зона. Пијам утринско кафе, читајќи меилови и креирам план со приоритети кои треба да ги завршам во текот на денот. Секако, следуваат состаноците со моите колеги и синхронизација со мојот тим.

Во текот на работниот ден, често правам кратки паузи за да го видам Миха, кој ми ја дава потребната енергија за да продолжам со работните обврски. Oмилено работно време за deep work ми се ноќните часови, кога не сум на смена во улога на мама 🙂

 

Со кои предизвици се соочуваш како професионалец, а воедно и родител кој работи?

Веројатно, како и на секоја вработена мајка, сѐ уште ми фалат дополнителни неколку часови во денот за да си ги завршам приватните обврски кои сум ги испланирала. Благодарение на мојот сопруг, кој ме надополнува на приватен план и ми е најголема поддршка на професионален план, успевам да добијам време за работа онолку колку што ми е потребно. 

 

 

Од твоја перспектива, колку придобивките кои ги нуди Brainster ти помагаат во балансирање на работата и фамилијата?

Кога дознав дека наскоро ќе ја добијам улогата на родител, една од најтешките одлуки кои морав да ги донесам е тоа дали ќе се откажам или ќе продолжам со својата кариера. 

Живееме во општество со стереотипи дека секоја жена треба да избере помеѓу реализација на приватен или професионален план. Со привилегиите кои ни ги дава Brainster, успешно се реализирам на двете полиња.

 

За крај, што би ни кажала за Brainster како компанија и начинот на кој ти дава поддршка?

Флексибилност и разбирање пред сѐ! Како мајка на 11 месечно доенче, ми е многу полесно да ги избалансирам работата и мајчинството од причина што работам од каде сакам и кога сакам. Со дете, многу често се случува планираното да не се одвива така како што е замислено. Работам во компанија каде што временски можам да ги прераспределувам работните обврски во текот на денот, приспособувајќи се на обврските како мајка пред се.

Поддршката, знаењето и менторството од нашиот [email protected]; Разбирањето, трудот и поддршката од мојот Golden Finance & Admin team; Тим лидерите и сите останати колеги кои несебично споделуваат знаење на сите полиња, како и привилегиите да се биде дел од Brainster, ме прават тоа што сум денес, исполнета и реализирана мајка на приватен и професионален план.

 

 

Brainster е во постојана потрага по нови колеги кои ќе ни се придружат во нашето never-ending journey, за да продолжиме да градиме заедница посветена на најдобрите производи, услуги и искуства на нашите студенти.

Ако сметаш дека ова е вистинското место за тебе, провери ги отворените позиции во нашата организација ТУКА.