Запознајте ја Мери Ушиткова – една од студентите кои покажаа најдобри перформанси и не ја пропуштија можноста да работат на реалните проекти на нашата Академија за UX/UI дизајн.

Таа е креативна и амбициозна личност која постојано сака да учи нови работи и неодамна ја започна својата кариера како UX/UI дизајнер во компанијата TeamLift.

 

Си поразговаравме со Мери за нејзиното кариерно патување

 

Здраво Мери. Пред сѐ, честитки за новото работно место! Ние на Академијата за UX/UI дизајн те познаваме, но што би споделила за останатите?

Моето име е Мери, студент во Brainster на Академијата за UX/UI Дизајн. Олеснување на животот на другите преку дизајн е мојата пасија. Постојано учам нови работи и сакам да запознавам луѓе кои се мотивирани и не се плашат да ги споделат своите идеи со светот.

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за UX/UI дизајн. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Со Академијата „пораснав”, развив начин на размислување и пристапување кон проблемите преку многу предизвици. Работејќи на реалните проекти – научив поефикасно да управувам со предизвиците. Не само тоа, туку и стекнав поголема самодоверба. Правењето интервјуа со клиентите, ми помогна да ги воспоставам основите за секој проект со вредни сознанија, како што се: деловните цели, техничките ограничувања и usability problems. Следниот чекор беше – разбирање на корисниците, креирање на персони и user flow, што ми помогна да имам подобра визуелизација на процесите, во создавањето на делот за интерфејсот, да одберам типографија, бои итн. И на крајот, како „шлаг на торта”, да го изградам моето портфолио.

 

Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Благодарение на Академијата можам да кажам дека на некој начин се пронајдов себеси.  Како најголем предизвик би го извоила реалниот проект на УКИМ, каде што дизајниравме страница за студентите со интересен, модерен, а истовремено функционален дизајн. Предизвикот го надминавме со многу research, user interviews и тимска работа. 

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Модулот Design/UI, затоа што дизајнот на корисничкиот интерфејс му дава приоритет на визуелното искуство на корисникот, а исто така, треба да го минимизира напорот што корисникот треба да го вложи во интеракција со производот и да им помогне на корисниците да ги постигнат своите цели со леснотија. Но, воедно и најзабавен, затоа што го поминавме со менторот Јане.

 

Веднаш по завршувањето на Академијата за UX/UI дизајн започна да ја градиш својата кариера како UX/UI дизајнер во компанијата TeamLift. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?

Процесот се состоеше од неколку месеци (што значи дека треба да си упорен и да се стремиш кон целта). Бев примена како практикант на 2 месеци, а потоа вработена. Секој ден сѐ повеќе се надградувам и учам нови работи.

 

Што се очекува од тебе на работното место како еден млад UX/UI дизајнер? Кои би биле твоите задачи и технологии/алатки кои би ги користела?

Секој ден се надградувам, како што спомнав претходно, а трудот и придонесот се моите задачи. Од технологии/алатки, би издвоила неколку што ги користам секојдневно, како што се: Nation, Miro, Illustrator, Figma, Adobe XD.

 

И за крај, што би им препорачала на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на UX/UI дизјанот?

Ако си амбициозна и креативна личност – не чекај! Запишувањето на Академијата за UX/UI дизајн на Бреинстер е навистина пат до голем успех.

 

Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!