Животниот циклус на развојот на софтвер не е целосен без фазата на тестирање. Тестирањето е од витално значење за да се обезбеди севкупен квалитет на финалниот производ.
Режимот на тестирање може да биде различен, но сепак, крајната цел е иста – софтверот да биде без грешки објавен во јавноста и да ги задоволи потребите на крајните корисници.
Од таа причина, побарувачката на софтвер тестери постојано бележи раст на глобално ниво бидејќи на секој софтвер му е потребен тестер.
Во продолжение, ги издвоивме 7-те најпопуларни Software Testing професии
1. Manual Tester
Мануелното тестирање на софтвер е кога софтвер тестерите го проверуваат квалитетот на новата апликација без да користат алатки за автоматизација или скриптирање. Целта е да се идентификуваат грешки или дефекти доколку ги има продуктот, да се осигура дека производот е без грешки и да се провери дали е усогласен со наведените функционални барања. Во овој метод, тестерот ја имитира улогата на краен корисник. Крајниот корисник е оној кој всушност ќе го користи софтверскиот производот. Тука тестерот мора рачно да ги искористи сите софтверски карактеристики за да ги пронајде грешките.
Проценета годишна плата според Glassdor: $91,853
2. Automation Tester
При автоматско тестирање, тестерот треба да ги потврди карактеристиките на софтверот со пишување скрипти кои ги автоматизираат тест активностите. Тоа заштедува многу време бидејќи не бара рачни напори. Најчесто, ова е најисплатливот начин за тестирање на софтвер на долг рок. Автоматските тестери можат да се наречат и инженери за QA бидејќи нивната улога е да ги тестираат сите аспекти на квалитетот на производот, како што се: функционалноста, перформансите, безбедноста итн. во комбинација со различни технологии и техники за тестирање на апликацијата која се тестира.
Проценета годишна плата според Glassdor: $103,229
3. Performance Tester
Со овој метод на тестирање, софтверот се тестира во однос на одреден обем на работа. Некои од метриките што ќе се евалуираат се одговорноста, масикмалната носивост итн. Тестирањето на перформансите помага да се осигура дека критичните компоненти на апликацијата работат како што се очекува при различни оптоварувања од страна на корисникот.
Проценета годишна плата според Glassdor: $103,797
4. Software Engineer
Софтверското инженерство е гранка на компјутерската наука која се занимава со дизајнирање, развој, тестирање и одржување на апликации. Софтверските инженери применуваат инженерски принципи и познавање на програмски јазици за да изградат софтверски решенија за крајните кориници.
Проценета годишна плата според Glassdor: $117,613
5. Quality Assurance Engineer
QA инженерот создава тестови кои ги идентификуваат проблемите со софтверот пред лансирање на производот. Овие тестови вклучуваат други задачи како што се: развивање и извршување на нови тестови и известување за нивните резултати до засегнатите страни, кои ќе соработуваат за да ги поправат програмските грешки или проблеми.
Проценета годишна плата според Glassdor: $103,981
6. Quality Assurance Analyst
Аналитичарот за обезбедување квалитет е личност кој гарантира дека софтверот на организацијата работи правилно. Откако развивачите на софтвер ќе изградат програма, аналитичарите за обезбедување на квалитет ја тестираат истата. Софтверските програми често се замрзнуваат, не работат правилно на одредени оперативни системи или може да им недостасуваат клучни функции. Аналитичарите за обезбедување квалитет ги запираат проблемите пред да започнат со работа во опкружување за тестирање дури и пред софтверот да биде пуштен во јавноста. Ова ја намалува секоја фрустрација и залудно потрошено време, и на крајот има корист за целата организација.
Проценета годишна плата според Glassdor: $79,615
7. Software Test Engineer
Инженерите за тестирање на софтвер се одговорни за дизајнирање и спроведување на тест процедури за да се осигураат дека софтверските програми работат како што е предвидено. Тие главно се ангажирани од компании за развој на софтвер за да се осигураат дека производите работат според спецификациите пред да бидат објавени во јавноста.
Проценета годишна плата според Glassdor: $105,288
Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек!
Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!