Управувањето со проекти и продукти е едно од најкомплексните полиња за работа денес, а побарувачката на Project & Product менаџмент професионалци постојано бележи раст на глобално ниво.

Можеби некогаш се имаш запрашано „Дали сум лидер, кој сака да одржува сè организирано, ориентиран кон остварување на целите“?

Ако твојот одговорен е потврден, тогаш Project & Product Management е вистинскиот избор на кариера за тебе.

Подготви се за вистинска авантура на која никогаш нема да ти биде здодевно. Во оваа професија нема простор за несериозност и недоговорност.

 

Во продолжение, ги издвоивме 7-те најпопуларни Project & Product менаџмент професии

 

1. Project Manager

Како проектен менаџер, ќе бидеш одговорен да се осигураш дека твоите проекти се завршени навреме, во рамките на буџетот и според бараните стандарди за квалитет. За да го постигнеш сето ова, потребно е да имаш низа на вештини, вклучувајќи: силни лидерски вештини, одлични комуникациски вештини, развиена организација и problem-solving mindset.

Проценета годишна плата според Glassdor: $92,736

 

2. Product Manager

Продукт менаџерот е обично одговорен за стратегијата, патот на продуктот, дефинирање на карактеристиките на одреден производ или производна линија. Неговата улога вклучува работа со меѓуфункционални тимови, вклучувајќи менаџери за маркетинг на производи и деловни аналитичари. Тие го надгледуваат сето она што е поврзано со одреден продукт, почнувајќи од поставувањето на стратегијата, приоритизирањето на активностите и залагањето за клиентот. Нивната работа го опфаќа целиот животен циклус на производот. 

Проценета годишна плата според Glassdor: $113,547

 

3. Program Manager

Програмскиот менаџер е одговорен за обезбедување на стратешко лидерство за одредена компанија или организација. Тие го надгледуваат и насочуваат спроведувањето на програми или проекти кои помагаат да се зголеми вредноста на одредена компанија. Програмските менаџери обично се справуваат со неколку програми истровремено и често работат со полно работно време.

Проценета годишна плата според Glassdor: $89,130

 

4. Project Owner

Project owner-от има сопственост над проектот, односно тој е одговорен за успехот или неуспехот на проектот. Тој ја креира визијата на проектот, ги поставува целите, обезбедува финансирање од спонзорот на проектот и делува како амбасадор на проектот. Исто така, ги идентификува проблемите и ги решава. Составување на тим, комуникација и мотивирање се дел од одговорностите на еден добар project owner.

Проценета годишна плата според Glassdor: 108,630

 

5. Product Owner

Некои агилни тимови имаат и product owner и product manager. Product owner-от е ИТ професионалец кој е одговорен за поставување, приоретизирање и оценување на работата која произлегува од Scrum тим со цел да се осигураат беспрекорни карактеристики и функционалности на производот. Тој е тука за време на целиот развој на производот и има задача да ја испорача максималната вредност за корисникот.

Проценета годишна плата според Glassdor: $108,297

 

6. Scrum Master

Scrum методологијата е едноставен проектен пристап кој овозможува поголема ефективност и продуктивност на тимот, навреме завршени проекти и задоволни клиенти. Овој пристап става посебен акцент на тимска работа и одговорност кон достигнување на добро дефинираната финална цел. Scrum Master-от го предводи scram-от и секојдневните состаноци на членовите во тимот. Тимот е главниот актер на оваа метода и во нивни раце е целиот проект. Целта на тимот e во одреден временски рок да ги реши сите применливи сегменти од приоритетните задачи на проектот, кои со себе носат и повлекуваат вредност.

Проценета годишна плата според Glassdor: $108,896

 

7. Project & Product Consultant

Консултантите работат во различни полиња каде што ги советуваат сопствениците на компании, претприемачите и извршните директори со цел да им помогнат да донесат ефективни деловни одлуки. Тие можат да го информираат бизнисот за вообичаените најдобри практики во индустријата и да ги известат лидерите на компаниите за можностите. Консултантот обично има големо искуство во својата област, така што проект или продукт менаџерите прават ефективни консултанти.

Проценета годишна плата според Glassdor: $123,332



Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! 

Early Bird понудата на Академијата за Project & Product Management и важи за упис до 15 август.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!