Hello December! 🎅🎄

Како што се приближуваме кон крајот на 2021 година, идејата за свеж старт со почетокот на новата година е добредојдена за многумина од нас.

Без разлика дали станува збор за нова кариера или унапредување на своите дигитални вештини, на крајот сè се сведува на она што ќе направи да се чувствувате среќно и задоволно со изборот на вашата кариера.

Spoiler alert: Опсесивната грижа кон нашите студенти резултираше со 36 вработувањa во ноември.

Па така, новостите од месец ноември се однесуваат на: подобрувањето на искуството на нашите студенти, претставувањето на инструкторите, проектите кои успешно ги завршија студентите и вработувањата со кои беа наградени.

 

 

  • Платформата за ко-иновации и вработување прослави 6 месеци

Платформата за ко-иновации и вработување на Brainster минатиот месец прослави полујубилеј и има многу со што да се пофали. Резултатите од постојаната и опсесивна грижа за нашите студенти и партнери за ко-иновации и вработување во изминатиов период вродија со плод. Наше задоволство е да ги споделиме новините прво со вас! Дознај повеќе!

 

 

  • Имавме интервју со Нина Геометриева: Како изгледа да си вработен во Google?

Aко ви е Нина позната, тоа е веројатно поради фактот дека Нина беше на билбордите на Time’s Square. Нина е самоук дизајнер од Скопје која моментално работи за Google Maps во Токио. Добитник е на многу престижни светски награди за дизајн и креатор на дизајни со милиони прегледи. Дознај повеќе!

 

 

  • Најголемиот Хакатон досега организиран од Brainster

Како дел од програмата на Brainster Академиите е постојаната соработка со нашите партнери за ко-иновации и на овој начин создаваме можности за учење преку практична работа на студентите. Со овој вид на учење, студентите од прва рака имаат можност да ги совладаат предизвиците од реалниот свет во одредена сфера.  Со таа цел, ја организиравме и оваа интернационална cross-academy соработка, која ги сплоти силите и вештините на студентите од Академијата за UX/UI дизајн во Виена и Академијата за графички дизајн, Академијата за Front-End програмирање и Академијата за Full-Stack програмирање во Македонија. Дознај повеќе!

 

 

  • Го раскажавме кариерното патување на студентите – UX/UI дизајнери

8 месеци, голема истрајност, напорна работа и многу учење беа потребни за Ивана, Анастасија, Дарко, Елена и Матилда да ги развијат своите вештини и да можат да влезат во светот на UX/UI дизајнот како идни генерации на успешни UX дизајнери. Нивното кариерно патување не завршува со завршувањето на оваа Академија, туку тие продолжуваат напред – да работат со полна пареа и да постигнуваат нови успеси. Дознај повеќе!

 

 

  • Го раскажавме кариерното патување на студентите – софтвер тестери

Запознајте ги нашите алумни студенти од Академијата за Software Testing кои покажаа голема упорност и посветеност на предавањата додека работеа на реалните проекти. Тие се амбициозни и љубопитни личности кои имаат пасија за учење и сакаат да растат во една од најпопуларните професии – тестирањето на софтвер. Дознај повеќе!

 

 

  • Студентите зборуваат за искуството – Александар Ралис

Александар Ралис е алумни од Академијата за Full-Stack програмирање кој се вработи во Komuna.dev веднаш по завршувањето на предавањата. Komuna.dev е тим од freelance софтвер девелопери и местото каде Александар продолжи да ги надградува своите вештини. Дознај повеќе!

 

 

  • Нови партнери за вработување на Brainster
  1. Ryaktive – новиот hiring партнер на Brainster
  2. DEPT – новиот партнер за вработување на Brainster
  3. The Big Search – ексклузивен партнер за вработување на најталентираните HR студенти

 

 

  • Студентите од Академијата за дигитален маркетинг работеа на неколку реални проекти

Со цел да ја комплетираат програмата на Академијата за дигитален маркетинг, студентите имаа предизвик да ги изработат своите завршни проекти.

  1. Завршен проект: Универзитетско студентско собрание
  2. Завршен проект: Отворена Порта
  3. Завршен проект: МАККА Бар
  4. Реален проект: Lead Gen стратегија за Митра.мк

 

 

  • Студентите од Академијата за UX/UI дизајн работеа на корисничкото искуство на Brain’O’Bot

Студентите од Академијата за UX/UI дизајн работеа напорно на овој проект за време на 48 часовен Хакатон и нивната задача беше да го исцртаат целосниот дизајн и да се погрижат за корисничкото искуство на Landing Page-от на Brain’O’Bot. Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она на Анита, Стефан и Елена. Дознај повеќе!

 

 

  • Студентите од Академијата за градички дизајн работеа на логото и илустрациите за Brain’O’Bot

Со цел да ја комплетираат програмата, студентите од Академијата за графички дизајн имаа задача да работат на нивниот завршен проект и да креираат алатка која ќе ја предвидува кариерната иднина. Станува збор за алатката Brain’O’Bot – непогрешливиот предвидувач на дигиталната иднина, креиран комплетно од нашите студенти на Академијата за графички дизајн и Академијата за UX/UI дизајн. Дознај повеќе!

 

 

  • 5 најчитани Brainster блог објави за UX/UI дизајн

Во овој блог ќе се информирате повеќе за кариерните можности кои ги нуди UX/UI дизајнот, што е потребно за почеток на кариера во оваа сфера, кои вештини се потребни за да се биде успешен UX/UI дизајнер, како и за атмосферата на Академијата, хакатоните, реалните проекти на кои работат нашите студенти и клиентите со кои соработуваат. Дознај повеќе!

 

 

  • Го започнавме серијалот „Најпопуларните вебинари на Brainster“
  1. Најгледани Brainster вебинари за графички дизајн
  2. Најгледани Brainster вебинари за софтвер тестинг
  3. Најгледани Brainster вебинари за Data Science
  4. Најгледани Brainster вебинари за дигитален маркетинг
  5. Најгледани Brainster вебинари за програмирање
  6. Најгледани Brainster вебинари за UX/UI дизајн

 

 

  • Продолжува серијалот „Запознајте ги инструкторите“

Ги претставивме инструкторите кои предаваат на Академиите на Brainster, како и нивните омилени книги, хобија, а исто така и го раскажавме нивното професионално искуство. Прочитајте повеќе и запознајте ги нашите инструктори!

 

 

  • Нови успешни приказни

Ги раскажавме приказните на: Софија, Виолета, Мартина, Викторија, Виктор и Ангел, кои по завршувањето на нашите програми ги исполнија своите кариерни цели. Честитки за сите и продолжете да редите успеси!

 

 

  • Го прогласивме Dream Team-от за претходниот месец

Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти коишто го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно да се посвети, да биде активен на предавањата и уредно да ги завршува зададените задачи од страна на менторите.

 

До следниот месец!

Тимот на Brainster ❤️