Платформата за ко-иновации и вработување слави 6 месеци | Brainster

Платформата за ко-иновации и вработување слави 6 месеци

Платформата за ко-иновации и вработување на Brainster овој месец слави полујубилеј и има многу со што да се пофали. 

Резултатите од постојаната и опсесивна грижа за нашите студенти и партнери за ко-иновации и вработување во изминатиов период вродија со плод. Наше задоволство е да ги споделиме новините прво со вас!

 

 

Во изминативе шест месеци не само што ги одбележавме едни од најголемите успеси на полето вработување и работа на реални проекти, туку имавме и шанса да работиме со едни од најголемите компании во регионот како A1 и Jagermeister.

 

 

Постојано бевме и активни во локалната заедница поддржувајќи мали бизниси и социјални каузи. На овие полиња соработувавме со Special Olympics Macedonia, Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе – Отворена Порта Ла Страда, Добар Бар, Види Вака, Универзитетското Студентско Собрание и многу други.

 

 

Бидејќи веруваме во можностите што лежат во долгорочни и стабилни партнерства, започнавме соработка со повеќе од 10 нови партнери како DEPT Agency, Pabau – Clinic Software, The Big Search и многу други. 

 

 

До сега, нашите партнери и соработници вработија повеќе од 150 нашите студенти од различни академии. А пак, нашите студенти започнаа да ги градат своите кариери од иднината во домашни и интернационални компании.

 

 

Тимот за ко-иновации и вработување останува целосно посветен кон вработување на нашите студенти, но и можности за иновација и нови, свежи идеи за подобрување на работата на нашите клиенти.

 

Ако сѐ уште се прашувате зошто да станете hiring партнер на Brainster, посетете ја co-innovation & hiring платформата и уверете се сами.

Биди дел од иднината и соработувај со Brainster преку платформата за иновација.

Имаш потреба од талентиран кадар за твојата компанија? Вработи студент преку нашата платформа