Дали некогаш сте размислувале да истражувате и анализирате податоци со цел да собирате значајни и важни наоди? Можеби имате желба и сакате да работите на интересни проекти и сте добиле идеја за кариерна трансформација во една од најпопуларните сфери – Data светот.

Побарувачката на експерите за Data Science постојано расте бидејќи тие се побарувани од секоја индустрија, од ИТ компании до работа во Влада и апликации за запознавање. Како што податоците ја обликуваат иднината, побарувачката на вештини за Data Science бележи вртоглав раст.

Ја составивме нашата листа на најпопуларните вебинари за Data Science изминатиов период, за кои бројките покажаа дека се најгледани, најинформативни, забавни, но и од големо значење за сегашните и идните студенти на Академијата за Data Science.

Преку овие вебинари ќе се информирате повеќе за кариерните можности кои ги нуди светот на податоците, што е потребно за почеток на кариера во оваа сфера, кои вештини се потребни за да се биде успешен data scientist, како и запознавање со Python, Machine Learning и платформата Kaggle.

 

Во продолжение, најпопуларните вебинари за Data Scienceна Brainster:

 

 

1. Automated Data Science

Размислуваш како да го скратиш времето потребно за решавање на проблеми во Data Science? Одговорот е автоматизација. 

Но, предуслов за автоматизација е структура, па затоа најпрво ќе започнеме со Data Science процесот. Овој процес содржи шест фази: Domain Understanding, Data Understanding, Data Preparation, Modeling, Evaluation, и Deployment. И секако, секоја фаза има повеќе задачи. Целта на ова предавање е да научиш повеќе за сите шест фази, и нивните задачи.

Machine Learning е компонента во фазата Modeling. Automated Machine Learning (AutoML) е област која покрива разни теории и практични алатки за автоматизација на Machine Learning, додека Automated Data Science е поширока област за максимизација на автоматизација на целиот процес. Погледни го целото предавање.

 

 

2. Вовед во Deep Learning

Запознај се со најпопуларниот домен во Data Science – Deep Learning. Научи повеќе за теоријата на невронски мрежи, како и улогата и примената на овој тип на учење во моменталните технолошки трендови.

Deep Learning како subset на Machine Learning еволуира во чекор со дигиталната ера што донесе експлозија на податоци во секакви форми и од сите региони во светот. Овие податоци веќе дефинирани како Big Data се влечат од извори како социјални медиуми, интернет пребарувачи, платформи за e-commerce, on-demand платформи за содржина итн.

Но, овие податоци (најчесто неструктуирани) се толку обемни што би ни биле потребни декади за да ги разбереме и од нив да извлечеме релевантни информации. Компаниите го воочија неверојатниот потенцијал што лежи во ова изобилство од податоци и почнаа се повеќе да се потпираат на AI системи за автоматска поддршка и процесирање. Погледни го целото предавање.

 

 

3. Вовед во Machine Learning: Emotion Detection

Запознај се со основите на Machine Learning, еден од најпопуларните домени во Data Science, преку детектирање на човечки емоции и афектни состојби. 

Machine Learning е доменот во Data Science што се заснова на алгоритми и статистички модели што компјутерските системи ги користат за извршување на соодветни задачи, без претходно дадени инструкции. ML алгоритмите имаат широка примена, ги има кај виртуелните асистенти, социјалните мрежи, препораки за продукти, детекција на онлајн измами итн.

Една од тие современи примени на Machine Learning е Affective computing. Ова е интедисциплинарно научно поле во кое се работи на разивање на компјутерска емоционална интелигенција. Или поточно, поле во кое се истражуваат и развиваат системи кои би можеле да препознаваат, интерпретираат, анализираат и да симулираат човечки афективни состојби, вклучително и емоции. Погледни го целото предавање.

 

 

4. Вовед во Python

Запознај се со основите на Python, најпопуларниот програмски јазик со широка примена во повеќе домени од кои предничат Web Development, Data Science, Machine Learning и AI.

Python е general-purpose програмски јазик што се одликува со лесна синтаксичка природа и тоа го прави многу лесен за совладување за оние што немаат никакво искуство со програмирање. Но, синтаксата е само една причина зошто е одличен за почетници. Другата е што поседува неверојатна способност да се справува со комплексности при што го остава корисникот да се фокусира на учење на концептите на програмирање, без многу да внимава на детали.

Неговата универзалност и сестраност лежи во можноста да одговори на повеќе потреби за development. Се користи за сè од системски операции и web development, па до административни алатки, анализа на податоци, Machine Learning и AI. Всушност, оваа експлозија во популарност и побарувачка е во тесна поврзаност со подемот на Data Science на глобално ниво. Погледни го целото предавање.

 

 

5. Како до успешен Data Science резултат на Kaggle?

Kaggle е онлајн заедница од инженери и научници од областа на машинско учење и Data Science која е најпозната по натпреварувањата за решавање на реални проблеми во индустријата. На ова предавање ќе научиш што точно опфаќа процесот за учество на Kaggle, како и клучните техники и практики за да се постигне добар резултат.

Kaggle натпреварувањата се најчесто организирани од компании кои сакаат да ги подобрат своите продукти или услуги, преку кои инжинерите и научниците се среќаваат со вистински проблеми на кои се работи во индустријата. Наградните фондови се до неколку десетици илјади долари, меѓутоа уште поважно е искуството и можноста да се дојде до интервју доколку учесниците имаат добри резултати.  Досега се организирани стотици натпреварувања на Kaggle, од кои многу имале значително влијание во решавањето на разни проблеми или подобрување на постоечки продукти. Пример за ова се Microsoft кои преку едно натпреварување го подобрија системот за детектирање на гестикулации и движења на Microsoft Kinnect или Merck кои го усовршија процесот на предвидување на биолошката активност на разни молекули со цел за подобар развој на нови лекови. Погледни го целото предавање.

 

На Академијата за Data Science учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!