Програмерскиот свет нуди најперспективни и најплатени кариери со сигурна иднина. Факт е дека способноста да се напишат компјутерски програми е една од најдобрите и нај kick-ass вештини што може да ја развиеш во денешницата.

Ја составивме нашата листа на најпопуларните вебинари за програмирање изминатиов период, за кои бројките покажаа дека се најгледани, најинформативни, забавни, но и од големо значење за сегашните и идните студенти нa Академијата за Full-Stack програмирање и Академијата за Front-End програмирање.

Преку овие вебинари ќе се информирате повеќе за кариерните можности кои ги нуди светот на програмирањето, што е потребно за почеток на кариера во оваа сфера, кои вештини се потребни за да се биде успешен програмер, како и запознавање со JavaScript и воведување во software development процесите.

 

Во продолжение, најпопуларните вебинари за програмирање на Brainster

 

 

1. Frontend VS Backend – A Beginner’s dilemma

“Frontend” и “backend” се два збора убедливо најприсутни и најупотребувани во програмерските кругови, до степен што се buzzwords и не ретко ги слушаме. Најбитно од сѐ е што овие два збора можат да ја диктираат твојата кариера како програмер, технологиите со кои ќе работиш, па во некои ситуации дури и надоместокот кој ќе го добиваш за твојата работа. На ова предавање, Ивица, ќе ја реши дилемата на сите оние кои размислуваат да започнат да учат програмирање, но се неодлучни која насока да одберат. Погледни го целото предавање.

 

 

2. Evolution of the Web

Од кога датираат почетоците на веб? Што е HTML, a што CSS? На ова предавање ќе се запознаеш со основите на веб програмирањето, ќе дознаеш како front-end програмирањето станало засебна област на работење, ќе решиш неколку дилеми – разлики меѓу HTML и CSS, разлики меѓу Java и JavaScript и можеби најголемата – дали веб програмирањето би ти била соодветна област за учење и кариера во иднина. Погледни го целото предавање.

 

 

3. Вовед во Software Development процесите

Ова предавање е наменето за почетници во областа на програмирањето. Целта на истото е разјаснување на одредени термини кои се составен дел од работата на програмерите. Предавачот, кој е искусен софтвер инженер, одблиску ги запознава учесниците со целиот процес на создавање на едно софтверско решение од почеток до крај. Погледни го целото предавање.

 

 

4. Напиши го твојот прв код во JavaScript

Најдобар начин да се запознаеш со програмирање и да го надминеш иницијалниот страв од истото е да седнеш и да почнеш да пишуваш код. Ова предавање има токму таа цел, да те запознае со JavaScript преку практична, едночасовна работилница.

JavaScript на сајтот му додава функционалности а со негова помош можеш да создадеш и доста основни веб апликации. Без разлика дали сакаш да станеш frontend, backend или full stack девелопер ова е еден од основните програмски јазици кои мораш да ги совладаш доколку размислуваш да станеш програмер. Погледни го целото предавање.

 

На Академијата за Full-Stack програмирање и Академијата за Front-End програмирање учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!