Ерата на дигиталната трансформација донесе промени што го примораа бизнис секторот да се адаптира. Наша цел како маркетери е првично да го привлечеме вниманието на луѓето и да ги ставиме во некаков продажен процес, кој ние го имаме испланирано однапред и точно знаеме како треба да се одвива истиот, чекор по чекор.

Појавата на social media marketing создаде отворено поле каде компаниите се натпреваруваат за своето парче од пазарот и поради тоа за секоја од нив е неопходно да допре до својата публика на што поефикасен начин. Ова не е важно само за да се остане релевантен, туку и за да се води успешен бизнис.

Ја составивме нашата листа на најпопуларните вебинари за дигитален маркетинг изминатиов период, за кои бројките покажаа дека се најгледани, најинформативни, забавни, но и од големо значење за сегашните и идните студенти на Академијата за дигитален маркетинг.

Преку овие вебинари ќе се информирате повеќе за кариерните можности кои ги нуди светот на дигиталниот маркетинг, што е потребно за почеток на кариера во оваа сфера, кои вештини се потребни за да се биде успешен маркетер, како и запознавање со маркетингот на социјалните мрежи.

 

Во продолжение, најпопуларните вебинари за дигитален маркетинг на Brainster:

 

 

1. Како до кариера во дигитален маркетинг?

Дигиталниот маркетинг е една од најпопуларните професии на денешницата за која постојано има висока побарувачка за нови кадри на глобално ниво. Доколку сакаш да станеш дигитален маркетер, дознај што сè треба да имаш предвид при одлука за почеток на кариера од оваа област. Погледни го целото предавање.

 

 

2. Дознај сѐ што те интересира за дигитален маркетинг!

Според  извештајот на Marketing Hiring Trends 69% од компаниите ќе вработуваат повеќе маркетери во 2021. Со развојот на дигиталните технологии, потребата од дигитални маркетери продолжува да расте. Полето на дигиталниот маркетинг е поинтересно од кога било и содржи широк спектар на знаења и множества на вештини. На оваа тема, повикавме четворица наши инструктори од Академијата за дигитален маркетинг да дадат одговори и објаснувања на сите ваши прашања. Погледни го целото предавање.

 

 

3. Маркетинг на социјалните мрежи

Креирањето содржина за социјалните мрежи денес е интегрален дел од секоја маркетинг стратегија. Важноста на креирањето квалитетна и релевантна содржина е уште поголема ако се знае дека живееме во време кога е сѐ потешко да се фати и задржи вниманието на просечниот корисник на социјалните мрежи. Ова предавање ќе те насочи како да го направиш токму тоа – да се издвоиш во морето пораки на социјалните мрежи и ќе те запознае со најпознатите примери на креирање добра содржина. Ќе видиш студии на случај од најпознатите брендови и ќе ги дознаеш најновите глобални трендови. Погледни го целото предавање.

 

 

4. Instagram стратегии и алатки

Instagram е една од најдобрите социјални платформи што може да ти овозможи успех на твојот бизнис. Затоа и над 60% од водечките светски брендови го користат Instagram за маркетинг, а со созревањето на генерацијата Z, овој процент ќе продолжи да расте. Веќе не така малиот брат на Facebook располага со една милјарда активни корисници што значи дека ако го отфрлиш овој канал во твојата маркетинг инка – испушташ огромна група на потенцијални клиенти.

На ова предавање ќе ги научиш клучните аспекти за креирање на квалитетна Instagram стратегија што носи резултати. Ќе научиш што треба да направиш за да го придбиеш алгоритмот да работи за тебе, ќе дознаеш добри практики што треба често да ги користиш, како и лоши што треба да ги одбегнуваш. Погледни го целото предавање.

 

 

5. Facebook за Ecommerce – најдобрите практики

Facebook е една од поомилените платформи на маркетерите која многу често ја фаворизираат пред било која друга за потребите на клиентите со кои работат. За областа e-commerce не постои подобра платформа на која може да се продаваат производи од секаков тип – било каде во светот. Низ годините Facebook многу ги унапреди своите можности за рекламирање и нуди огромна палета на опции кои може да се искористат при продажба.

Ова предавање е наменето за сите оние кои се „сомневаат“ во моќта и можностите за рекламирање на Facebook и Instagram како социјални мрежи. Исто така, предавањето е наменето и за сите оние кои имале некаков допир со ваков тип на рекламирање, но исто така и за оние кои немале до сега воопшто никаква можност и шанса да работат во оваа област. Погледни го целото предавање.

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за дигитален маркетинг учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!