Запознајте ја Викторија Кузмановска – алумни студент од Академијата за Software Testing која веднаш по нејзиното завршување на програмата, ја започна својата кариера во светот на тестирањето на софтвер како Software Quality Assurance Tester во компанијата Pabau Clinic Software.

 

Си поразговаравме со Викторија за нејзиното ново работно место и студентските денови

 

Здраво Викторија. Пред сѐ, честитки за почетоците на твојата кариера! Ние на Академијата те познаваме, но што би споделила за останатите?

Здраво дечки. 🙂 Моето име е Викторија, дипломиран професор по англиски јазик и книжевност, како и магистер во областа на човечките ресурси. Тие што ме познаваат знаат дека често сакам да учам нешто ново и сакам да се надградувам, па така дојде и до идејата за оваа Академија. Сакав да направам кариерна промена. Во слободно време патувам, читам и секако, го поминувам времето со моето семејство и пријателите, најчесто во природа.

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Software Testing. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Би сакала уште еднаш да им се заблагодарам на своите ментори од Академијата што беа толку трпеливи, достапни и што ни го пренесоа своето знаење. Морам да признаам дека клучна улога за да ја одберам Академијата за Software Testing беше мојот брат, фала ти. Toj ми ги даде првите насоки и по долго истражување се одлучив за Brainster. Секогаш имав желба да се пробам во IT светот, само ми требаше охрабрување. Mи се допаѓа динамиката и тоа што можам брзо да напредувам – одговара на мојот карактер.

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Сите модули беа интересни на свој начин, но можам да кажам дека навистина уживав во модулот за Manual testing и работењето во Postman. Mодулите носеа нови и интересни предизвици кои требаше да ги совладаме.

 

Започна да ја градиш својата кариера на практикантска позиција во компанијата Pabau. Раскажи ни го твоето кариерно патување.

Можам да кажам дека ова беше најтешкиот дел за мене. Моето претходно работно искуство ме направи да бидам трпелива и да не се откажувам и така се случи и првата софтвер тестинг работна позиција.

 

Што можеш да ни споделиш за оваа компанија? Која е нејзината дејност?

Pabau e британска компанија, основана во 2012 година со претставништво во Скопје која развива софтвер специјализиран за клиники. Комуникацијата помеѓу тимовите и одличната работна атмосфера се патот до успехот.

 

И за крај, што би им препорачала на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на софтвер тестингот?

Don`t be afraid of change because it`s leading you to new beginning. Ова е моето мото за тие што сакаат да направат промена, да веруваат во себе. 🙂 

 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

 

Како до 1.000.000€? 🤫