На Академијата за дигитален маркетинг, студентите постојано работат на реални проекти за реални клиенти, а преку овој начин на работа тие се запознаваат со нови техники и алатки, како да ги почитуваат роковите и да создадат креативни решенија кои ќе бидат атрактивни како за клиентот, така и за корисникот.
Студентите имаа можност да работат на реален проект за реален клиент под менторство на нашиот инструктор Марко Ивановски. Целта на проектот беше да се креира lead generation стратегија на Mitra.mk
Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она на Ангела, Софија, Магдалена, Ѕвездица и Андреј.
Во продолжение си поразговаравме со тимот за искуството со проектите на Академијата за дигитален маркетинг
Здраво колеги! Вие сте едни од најактивните студенти на Академијата за дигитален маркетинг, кои покажаа голема заинтересираност кон дигиталниот маркетинг и не ја пропуштија можноста да учествуваат на проектите. Што би ни кажале за себе?
Aнгела: Здраво, јас сум Ангела од Скопје. За себе би кажала дека сакам предизвици и постојано си поставувам нови цели кои ми даваат мотив да се стремам кон нешто повеќе. Академијата за дигитален маркетинг дефинитивно е предизвик и нов кариерен пат, но со помош на одличните ментори целиме кон успех. Уживам со позитивни луѓе, позитивни мисли и добра музика. 🙂
Mагдалена: Здраво, јас сум Магдалена, имам 27 години и живеам во Скопје. Дигиталниот маркетинг е присутен во секоја индустрија и можноста да се работи во динамична и креативна средина е голем предизвик за мене. Голема благодарност на Академијата за дигитален маркетинг, како и на професионалните ментори кои ми овозможија да совладам повеќе вештини, а тоа ми дава мотив да продолжам да се надградувам во областа на маркетингот.
Софија: Имам 17 години и сум најмлада во мојата група, а тоа ме мотивира уште повеќе да работам. Учам во средното училиште NOVA и ми е навистина мило и драго што сум дел од оваа Академија и што ја имав можноста да соработувам со многу добри и мотивирани колеги.
Ѕвездица: Мило ми е што ја имам можноста да го применам моето знаење во пракса преку вакви проекти, а во исто време и да бидам дел од супер тим. Со секој следен модул на Академијата ми се зголемува желбата за креирање, и се надевам дека ќе има уште шанси и соработки каде ќе можеме да се изразиме.
Зад вас се неколку месеци напорна работа, многу посветеност кон материјалот, работа на неколку проекти, меѓу кои особено се истакнува проектот за Митра. Честитки за вашата истрајност. Како работата на реален проект ви помогна да ги развиете своите вештини?
Нас ни е навистина драго што покрај сите успешни презентации нашата се истакна и најмногу се допадна на нашиот клиент Митра. Подеднакво бевме аналитични, доста истражувавме за Митра и ги анализиравме конкурентите и каква е нејзината поставеност на пазарот, па дававме соодветни одговори. Секоја наша идеја беше сослушана и соодветно преточена во презентацијата. Уште повеќе ја развивме способноста да донесуваме одлуки, како и да решиме проблем со кој моментално се соочува нашиот клиент.
Со оглед на времето што го имавме, добро го менаџиравме времето и планиравме кога што би работеле. Успеавме за краток период да ја истражиме конкуренцијата, да направиме детална анализа на истата, да донесеме одлука како ќе се генерираат лидови и да оцениме и да дојдеме до најсоодветно решение кое ќе им помогне да се пласирааат подобро на пазарот. Тимската работа и ефективност дефинитивно не фалеа во нашиот тим и заедно дојдовме до финалниот резултат. – “No man is an island!”
Последниот реален проект на којшто работевте беше да креирате lead gen стратегија за реален клиент – Митра, под менторство на нашиот инструктор Марко Ивановски. Споделете ни повеќе информации за проектот?
Соработувавме со Митра.мк – нашиот клиент за овој проект. Тие се онлајн продавница која е релативно нова на пазарот, па побараа наша помош и насока за да го подобрат начинот на комуникација со нивната публика на социјалните мрежи, како и развивање на креативни кампањи за привлекување лидови за претстојниот период. Во текот на целата работа Марко ни стоеше на располагање и неуморно ни го пренесуваше неговото искуство и знаење, со цел да направиме што поуспешен проект.
Раскажете ни како се одвиваше целиот процес? Која беше целта што требаше да ја постигнете?
Со стартот на модулот за Social Media Marketing, Марко не запозна со нашиот learning партнер Митра.мк. Преку брифот на Александра, сопственичката на Митра, се запознавме со нивната историја и со тоа кои се нивните цели и очекувања од нас. Набрзо по средбата се искоординиравме ние во групата, правевме истражувања и често се гледавме на zoom со што секој од нас имаше идеја и насока за целиот проект. Притоа, најдобрите креативи беа вметнати на самата презентација и истите ни донесоа резултат. Понатака, со текот на часовите кои беа комбинација од Workshop и теоретски дел, добивавме повеќе идеи за тоа каков вид на кампањи би можеле да активираат со цел за Митра.мк да биде препознатлив и go-to online shopping service.
Какво беше чувството да работите на еден ваков проект? Како течеше целата соработка?
Со оглед на тоа што ова е веќе втор реален проект на нашата група, сметаме дека тимската работа, натпреварувачкиот дух и секако желбата за работа и учење е нешто што дефинитивно се исплатеше. Иако овој проект беше предизвикувачки со состанувањето надвор од часовите, brainstorming-от на идеи и конструктивните критики, беше навистина забавно и квалитетно поминато време. Тимската работа придонесе до многу идеи кои ни помогнаа да дојдеме до идеално решение. Различните ставови и креативи на секој од нас овозможија да дојдеме до конкретни решенија.
Сите од групата бевме еднакво среќни и возбудени да работиме на ваков проект бидејќи на некој начин претставуваше еден вид на добар предизвик кои сите сакавме да го направиме. Крајниот резултат којшто го добивме, направи да се чувствуваме задоволно и гордо на нашата тимска работа.
Сѐ уште сте наши студенти на Академијата за дигитален маркетинг. Како си поминувате на предавањата?
Учиме многу и преплавени сме со информации, но со работа на реални проекти како овој, имаме можност да го преточиме тоа знаење во нешто „поопипливо“ и да видиме како навистина изгледа процесот. Сите инструктори до сега ни пренесоа голем дел од нивното искуство, а на нас е оставено да го употребиме тоа најдобро што можеме. Академијата за дигитален маркетинг е многу информативна, интересна и креативна, а луѓето се навистина посветени.
Секој час е исполнет на најразлични начини со најразлични примери и идеи од нашите ментори. Нашата група дефинитивно е многу задоволна од самата Академија и проектите кои ни ги нуди. Иако имаме само уште неколку месеци до крајот на Академијата, ние сме многу среќни со нашиот досегашен успех и се надеваме дека и понатаму би можеле да соработуваме како група на други проекти.
Што ве мотивираше да започнете да градите кариера во светот на дигиталниот маркетинг?
Слободата да ја изразиме нашата креативност и фактот дека дигиталниот маркетинг е професија која е динамична и се соочува со секојдневни предизвици. Секојдневно, технологијата и уредите кои што ги користиме се подобруваат, стануваат побрзи, комуникацијата низ светот е сè полесна и полесна и истото се случува и со дигиталниот маркетинг. Трендовите коишто се менуваат за брзи периоди, сите случувања и вести во светот мора да се пратат за да се стане успешен дигитален маркетер.
Најважната лекција што ја научивте до сега од предавањата?
Ангела: Од секој предавач посебно извлекуваме најразлични лекции кои нè инспирираат и би ни помогнале во нашите кариери. Она што мислиме дека е заедничко со сите е тоа секогаш да бидеме љубопитни и да размислуваме „надвор од кутијата“.
Магдалена: Она кое што го научивме во досегашните предавања е дека оваа професија бара контиунирано истражување и следење на трендовите.
Софија: Секое предавање е различно искуство, со сите инструктори сме научиле нешто различно што е многу битно, но доколку треба да одвојам тоа би било дека мора да се следат сите информации и трендови, дека треба да сме креативни и да ја слушаме нашата публика за да знаеме што бара.
Ѕвездица: Да не престанеме да прашуваме, да истражуваме и да тестираме, бидејќи никогаш не се знае каде се крие „добитната“ идеја.
Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето на време!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!