Олгица Стрезоска е нашиот нов инструктор на Академијата за Project & Product Management.Таа и до сега беше еден од нашите предавачи на курсевите, редовно споделувајќи го своето знаење и искуство за сите проект и продукт менаџмент процеси, како и за Scrum методологијата.

Таа е сертифициран Scrum Master и Product Owner со повеќегодишно работно искуство во Телко и ИТ индустријата. Моментално е вработена во британската компанија Allocate Software како Product Owner каде е одговорна за успехот на неколку од нивните софтверски продукти.

 

Запознајте ја Олгица – инструктор на нашата Академија за Project & Product Management

 

Име и презиме: Олгица Стрезоска

Академија: Академија за Project & Product Management

Модул: Постигнување на Product-Market fit & Agile и Design Thinking методологии

Професија: Product Owner

Искуство: 5 години

Зошто баш Project & Product Management: Бидејќи разликата помеѓу добар и одличен продукт се состои во успешното планирање и менаџирање на процесите поврзани со продуктот. Предизвикот од идеја на хартија да создадете продукт кој ќе биде едноставен за користење, а сепак ќе ги задоволи потребите на вашите таргет корисници е она што ја создава магијата во целиот процес. 

Хоби: Спортување

Омилена книга: “Start with Why” – Simon Sinek

Омилен цитат: “You’ll be amazed at what you attract after you start believing in what you deserve.”

 

Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!