Со екот на актуелната дигитална трансформација, UX/UI дизајнерите се наметнаа како неизоставни кадри за развој на визуелниот идентитет и искуството на еден дигитален продукт. Како спој на креативност, функционалност и технички know-how, во UX/UI дизајн се користи широк распон на алатки кои наоѓаат примена во различни фази во креирањето на корисничкото искуство и дизајнот.

Ја составивме нашата листа на најпопуларните вебинари за UX/UI дизајн изминатиов период, за кои бројките покажаа дека се најгледани, најинформативни, забавни, но и од големо значење за сегашните и идните студенти нa Академијата за UX/UI дизајн.

Преку овие вебинари ќе се информирате повеќе за кариерните можности кои ги нуди светот на UX/UI дизајнот, што е потребно за почеток на кариера во оваа сфера, кои вештини се потребни за да се биде успешен UX дизајнер и како да се справите со најчестите грешки кои може да ги направи секој дизајнер.

 

Во продолжение, најпопуларните вебинари за UX/UI дизајн на Brainster

 

 

1. Што е UX, а што е UI дизајн?

Ако имаш интерес за кариера во UX/UI дизајн ова предавање ќе одговори на клучното прашање, што е разликата помеѓу UX и UI дизајн и што подразбира кариера во оваа професија. Ова предавање има за цел да ти одговори на најчестите прашања што се поврзани со областа на UX и UI дизајнот. Ќе добиеш појасна слика за тоа што точно се подразбира под квалитетен UX/UI дизајн и кои предиспозиции се потребни за успешна кариера во оваа област. Погледни го целото предавање.

 

 

2. Добар UX дизајн vs Лош UX дизајн

Најдобро се учи преку реални примери. Вебинар кој има за цел да претставува еден вид интерактивно предавање кое низ практични примери ќе ти покаже што треба, а што не треба да се практикува од UX дизајн перспектива на дигиталните продукти. Погледни го целото предавање.

 

 

3. Кои UX/UI дизајн алатки треба да ги знам?

UX/UI дизајн е техничка професија каде се користат бројни алатки кои исто така еволуираат со конзистентниот раст на индустријата. На ова предавање ќе се запознаеш со алатките и технологиите кои се дел од арсеналот на еден современ UX дизајнер, ќе научиш за што точно се користат и како можеш да ги совладаш истите. Покрај стандардните алатки за графички дизајн како “Photoshop” или “Illustrator”, UX/UI дизајнерите користат и друг сет на програми за определување на структурата на еден веб-сајт или апликација (wireframe) и креирање на прототип преку кој ќе го демонстрираат корисничкото искуство. Погледни го целото предавање.

 


 

4. А/Б тестирање во твојот производ

Секој од нас има свое мислење што треба, а што не треба да има во нашите производи. Но, дали навистина знаеме што сакаат нашите корисници? Ова предавање има за цел да ти одговори на најчестите прашања што се поврзани со областа A/B testing. Ќе добиеш појасна слика за тоа што точно се подразбира под A/B testing и зошто е корисно при додавање на нови можности во производи. Покрај тоа, низ искуствата на инструкторот, од прва рака ќе дознаеш како светски компании како Booking.com го применуваат А/Б тестирањето и која е нивната методологија. На крај, ќе се запознаеш со тоа каде НЕ би ти користело А/Б тестирањето и зошто не е решение за сите проблеми. Погледни го целото предавање.

 

 

5. How To Prevent The Murder Of Your Design – Nina Geometrieva

Нина работи во Google Maps како Product Designer. Кариерата ја почнува како самоук графички дизајнер и преку визуелен дизајн и илустрација стигнува до UX. Ja имавме честа да ни биде гостин и говорник на Deep Dive; Into UX/UI конференцијата со предавањето “How to prevent the murder of your design“. На ова предавање, Нина повикувајќи се на нејзиното долгогодишно искуство, споделува како да се справите со најчестите грешки што еден UX/UI дизајнер може да ги направи. Погледни го целото предавање.

 

На Академијата за UX/UI дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

10 Компании. 100 Студенти. 1000€ Ваучер.