Запознајте го Виктор Петковски – алумни од Академијата за дигитален маркетинг кој веднаш по неговото завршување ја започна својата кариера во маркетинг светот како Junior Marketing Specialist во најголемиот синџир маркети во Македонија – КАМ.
Си поразговаравме со Виктор за неговото ново работно место и неговите студентски денови
Пред сѐ, честитки за успешно завршената Академија и за почетоците на твојата кариера како Junior Marketing Specialist. За почеток, кажи ни од каде се роди желбата и зошто се одлучи за дигитален маркетинг?
Потребно беше да се случи нешто ново, едноставно таква ми е природата и во изборот за нов предизвик се појави дигиталниот маркетинг кој денес се докажа како вистинскиот избор. Се одлучив токму за него првенствено поради себе, да знам како да ги користам социјалните медиуми и дигиталните алатки затоа што некако сите навлеговме во таа приказна, несвесни за комплексноста на новото време и начинот на живот кој денес го живееме.
Ти си уште еден студент кој потврдува дека со упорност и посветеност може да се постигне сѐ во животот. Како си помина на Академијата за дигитален маркетинг? Имаше ли предизвици во процесот на учење и совладување на техниките?
Имав потешкотии во убедувањето на сам себе, дека треба 3 пати неделно да седам по 2 саати пред компјутер и да бидам присутен. Не ми изгледаше реално, но менторите беа спремни и направија успешна транзиција во ставот кој го имав прво кон столчето, а после и кон целиот поглед на дигиталниот маркетинг. Меѓу другото, групата ми беше фантастична.
По завршувањето на Академијата, започна да работиш во синџирот на маркети КАМ. Како се одвиваше процесот за да стигнеш до тука? Што сѐ беше потребно?
Требаше храброст, бидејќи знаењето само по себе – не е доволно. Во услови на пазар како што е Македонија, дури и во дигитализиран свет, штом стане збор за работа секогаш е трауматично искуство или барем мојата призма е таква. Во КАМ имаше процес на селекција, каде што мудрите луѓе од сектор маркетинг одлучија дека јас сум профилот што им треба и бев селектиран.
Што би можел да ни споделиш за оваа компанија, која е нејзината област на работа?
КАМ е водечки синџир на маркети во Македонија и функционира по принципот на хард дисконт. На кратко, се труди континуирано да обезбеди најдобар сооднос на цена-квалитет за своите клиенти и тоа го прави со максимизирање на ефикасноста на вкупните внатрешни процеси на компанијата. Динамиката е неверојатна.
Како изгледа еден твој работен ден? Што работиш моментално и кои техники и алатки ги користиш?
Моите задачи гравитираат околу социјалните медиуми и веб-страната. Во однос на алатките, Photoshop, Canva, WordPress…
Како маркетерот гледа на светот и на работите околу него?
Во онаа мера во која јас сум маркетер, би рекол гледа можности, креатива, нова вредност. Го гледа патот по кој нешто може да се создаде, или ако веќе постои – да се развие, како резултат на вештините кои тој ги поседува.
За крај, што е она што тебе те убеди да се запишеш на оваа Академија и да ја промениш својата кариера? Што би ги советувал сите оние кои допрва размислуваат за кариера во оваа област и сакаат да преземат ваков чекор?
Ултимативно, промената. Не познавав никој во Brainster, немав претходно искуство и сум денес маркетер како последица на маркетерот од Академијата. 🙂 Сите што мислат, нека го скратат времето на мислење за да им остане повеќе време за учење. После тоа, пак продолжете со мислење.
Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
На оваа Академија учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!