Креативно решение за Brain’O’Bot од страна на студентите – графички дизајнери

Со цел да ја комплетираат програмата, студентите од Академијата за графички дизајн имаа задача да работат на нивниот завршен проект и да креираат алатка која ќе ја предвидува кариерната иднина.

Станува збор за алатката Brain’O’Bot – непогрешливиот предвидувач на дигиталната иднина, креиран комплетно од нашите студенти на Академијата за графички дизајн и Академијата за UX/UI дизајн.

Овој завршен проект се работеше под менторство на нашиот инструктор Иван Дургутовски, а од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она на Симона, Горјан, Ана, Ангел, Тијана, Бојан, Неда и Катерина.

Симона, Горјан, Ана, Ангел, Тијана, Бојан, Неда и Катерина се алумни студенти од нашата Академија за графички дизајн, а воедно и едни од студентите кои покажаа одлични перформанси, голема страст кон креативното изразување и изработија одлични проекти и дизајни.

 

Си поразговаравме со победничкиот тим за нивното искуство на Академијата и работата на овој реален проект

 

 

Раскажете ни повеќе за идејата на овој проект? 

Проектот претставува маркетинг кампања во вид на мини-игра составена од веб-сајт на кој ќе бидат поставени дизајнирани тарот карти кои ќе ја предвидат иднината на корисниците на поле кариера, со цел насочување и мотивирање на младите кон светот на технологијата. 

 

Која е приказната зад дизајнот на тарот картите кои ја предвидуваат иднината? 

Дизајнот на тарот картите без никакво предзнаење за личноста цели кон прикажување на професиите на иднината. Играта со тарот картите е водич до кариерниот квиз кој ќе ја предвиди идната професија на личноста.

 

Вашите задачи за овој проект беа креирање на визуелниот идентитет за BRAIN’O’BOT, креирање на тарот картите за BRAIN’O’BOT и креирање на дизајнот на задниот дел од картата. Од каде ја црпевте инспирацијата? 

Инспирацијата најмногу ја црпевме од познатите тарот карти, меѓутоа бидејќи стануваше збор за модерен стил на карти, инспирација баравме и секако во дигиталниот свет, односно платформите за дизајн.

 

Како започна целиот процес на работа и со кои алатки и техники се служевте? 

Проектот започна со креирање на еден тим со генијалци кои уште од првата секунда на работењето се расфрлаа со голем број идеи кои помогнаа за реализирање на овој проект. Во најголемиот дел од процесот се служевме со Adobe Illustrator и Adobe After Effects како главни алатки, а од техниките најмногу се служевме со GIF анимација, но и цртање и креирање на тарот картите.

 

 

Што најмногу ви се допадна додека работевте на овој реален проект? 

Идејата за тимска работа е она што најмногу ни се допадна. Имавме можност да се запознаеме подобро едни со други, па и да оствариме пријателства што ни останаа и по завршувањето на Академијата.

 

Лекцијата која ја научивте од соработката со клиентот и другите студенти? 

Работата со клиент е нешто коешто беше голем предизвик за нас како студенти, научивме како да воспоставиме пријателска, но професионална комуникација. За соработката со другите студенти можеме да кажаме дека беше навистина позитивно искуство во коешто постојано се надградуваме, консултирајќи се еден со друг. Мислиме дека без меѓусебната мотивација, овој проект не би бил тоа што е денес. 

 

Какво беше чувството да се работи на еден ваков забавен и интересен проект кој се лансираше во јавност со цел да ги презентира професиите на иднината?

Ни беше чест да бидеме дел од еден ваков проект кој цели кон иднината на младите. Многу е мотивирачки за нас како почетници кога ќе видиме во јавност нешто на коешто сме работеле и во кое сме вложиле голем труд.

 

И за крај, што би ни кажале за работата на реални проекти со реални клиенти и можноста за искористување на теоријата во пракса? 

Едно супер искуство за нас како почетници, со кое полесно ќе се вклопиме во светот на искусните графички дизајнери. Работата на реални проекти е многу добар начин за сите да почувствуваат како е да се работи со вистински клиент, да почувствуваат вистински проблеми и да научат како да дојдат до решение во многу краток рок. 

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

 

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

10 Компании. 100 Студенти. 1000€ Ваучер.