Со цел да ја комплетираат програмата на Академијата за дигитален маркетинг, студентите имаа предизвик да ги изработат своите завршни проекти.
Така, во оваа блог објава ќе ги запознаете Јасмина, Христијан, Кирил и Иван. Тие се едни од најактивните студенти на нашата Академија за дигитален маркетинг, кои покажаа голема амбиција и посветеност за време на предавањата и кои постојано се трудат да ги подобрат своите дигитални вештини.
Овој тим имаше можност да работи на својот завршен проект за реален клиент под менторство на нашиот инструктор – Дијана Десподов, која им пружи голема поддршка и ги поттикна да го дадат својот максимум.
Задачата којашто тие требаше да ја изработат беше целосна дигитална маркетинг стратегија за Универзитетското Студентско Собрание (УСС).
Универзитетското студентско собрание при УКИМ е единственото тело кое има право да го застапува гласот на студентите на УКИМ заради легитимитетот на избраниците во собранието.
Во продолжение си поразговаравме со тимот за искуството со проектите на Академијата за дигитален маркетинг
Здраво тим! Вие сте едни од најактивните студенти на Академијата за дигитален маркетинг, кои покажаа голема заинтересираност кон дигиталниот маркетинг и не ја пропуштија можноста да учествуваат на проектите. Што би ни кажале за себе?
Јасмина: Здраво. 🙂 Креативна и упорна личност која сама си создава предизвици. Од неодамна можам да се претставам и како дигитален маркетер.
Христијан: Себе би се опишал како morning person, комуникативен и авантурист.
Кирил: Екстровертен nerd со сестрана љубопитност кон светот кој сака константно да си поставува нови предизвици.
Иван: Предизвикот и љубопитноста да се навлезе што подлабоко во дигиталниот свет ме натера да одберам правец со кој неисцрпно можеш да ги изнесеш своите идеи и да достигнеш ниво на креативност со што би оставил траг во општеството.
Со цел да ја комплетирате Академијата за дигитален маркетинг, требаше да изработите завршен проект за клиентот Универзитетско Студентско Собрание. Како работата на реален проект за реален клиент ви помогна да ги развиете своите вештини?
Голем предизвик беше тоа што проектот го работевме индивидуално, не како хакатонот и претходните проекти во тимска атмосфера. Сето тоа, допринесе до поголема самодоверба и мотивација за наученото на Академијата да го примениме во пракса.
Раскажете ни повеќе за овој проект и идејата зад него?
Станува збор за изработка на маркетинг стратегија за клиентот Универзитетското Студентско Собрание кое е единственото тело, кое има право да го застапува гласот на студентите на УКИМ. Воедно во проектот се изработуваше и план со програма за отворање на новиот Културен центар, кој освен како читална, е предвиден и за дружење. Идејата беше да се искористат канали преку кои ќе допреме до студентите, да дознаат колку е силно студентското организирање преку идеи, напредок и забава.
Како се одвиваше целиот процес? Која беше целта што требаше да ја постигнете?
Најпрво целиот процес изгледаше недостижен и полн со нејаснотии поради самата тема за која требаше да изработиме маркетинг план. Но, со самото стекнато знаење од Академијата и со сите tips & tricks од страна на инструкторите, големата поддршка од менторот Дијана Десподов, незаменливата Ира Бабиќ и целиот тим на Brainster кој беше вклучен во проектот, полека но сигурно проектот стануваше се појасен и пореален.
Целиот процес траеше 1 месец и во тој период требаше сами, од неисцрпниот простор на дигиталниот свет, да создадеме презентација од неколку страни која требаше да ја испрезентираме за 5 минути. Tricky, isn’t it? Временската рамка и компетитивниот карактер со кој беше зачинет овој проект е уште еден момент кој го направи овој проект за студентите возбудлив, предизвикувачки и креативно исцрпувачки и за момент мислам дека секој од нив се најде во улога на еден реален дигитален маркетер.
Главната цел ни беше УСС да добијат глас кај студентите, да ја добијат нивната поддршка со која заедно би ги решавале нивните проблеми и да излезат од сенката на минатото, со што ќе докажат дека работите во светот на студентите се поместени од мртва точка и дека сепак постои тело кое ги застапува нивните права и привилегии.
Кои беа вашите задачи при креирање на оваа маркетинг стратегија?
Главните задачи ни беа да изработиме креативи, план со активности со кои би допреле до студентите, маркетинг инка за нивна реализација, да одбереме канали преку кои ќе ја комуницираме публиката, фази на комуникација, тон на обраќање и сето тоа да го подкрепиме со KPI’s. Во целиот процес најмногу ми помогна еден совет од инструкторот Дарјан кој гласеше “Be resourceful” кој ме водеше низ целото време при подготвување на маркетинг планот за УСС.
Какво беше чувството да работите на еден ваков проект? Како течеше целата соработка?
Да се работи на еден ваков проект претсавуваше одлична можност да ги употребиме сите научени вештини, но и да се здобиеме со дополнителни tips & tricks од нашите ментори коишто со сигурност ќе ни бидат потребни во иднина. Соработката со клиентот беше одлична, преку состаноците кои ги имавме успеавме да ги извлечеме потребните информации за изработка на стратегијата и изнаоѓање на решенија за достигнување на крајната цел.
Дали се појавија одредени предизвици во текот на вашата работа? Како успеавте да ги надминете?
Самата деликатност во работењето на УСС со студентите, со себе носи и одличен предизвик за нас како маркетери да го изнајдеме правилниот начин преку кој би стигнале до целта која воопшто не е лесна, но преку соработка со менторите на Brainster и останатите студенти, сметам дека направивме одлична работа. 😊
Што ве мотивираше да започнете да градите кариера во светот на дигиталниот маркетинг?
Маркетингот е единствената точка што ги обединува сите бизниси од сосема различни сфери. Од адвокатска канцеларија, сточарска фарма, па сѐ до tech startup, ниту една од овие дејности не би можеле да преживеат без соодветна маркетинг стратегија. Затоа, во денешниот дигитален свет, дигиталниот маркетинг е есенцијално оружје да се има во својот арсенал на знаење.
И за крај, најважната лекција што ја научивте до сега од предавањата?
Мораме да издвоиме три најважни лекции кои ќе ги користиме до крај на кариерата:
- Не работиме за лајкови, работиме за пари.
- Внимателно ислушај го клиентот, најди ги неговите „најболни“ точки и адресирај ги.
- Колку и да изгледа голем и невозможен предизвикот, доколку навистина дадете 100% од себе и истовремено уживате во процесот на работа, успехот ќе дојде сам по себе.
Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!