Марина Бабамова е инструктор на нашата Full-Stack HR Академија. Таа е магистер по менаџмент на човечки ресурси, лиценциран психолог, сертифициран обучувач на обучувачи и сертифициран PCM coach со повеќе од 10 години работно искуство во областа на менаџирање на човечки ресурси и организациска психологија.

Од мултидисциплинарниот HR, најмногу ја интересираат аспектите поврзани со организациската психологија, планирањето и истражувањето: обука и развој, coaching, организациска култура, индивидуално и тимско профилирање, задоволство на вработените и нивно ангажирање, организациско однесување, HR стратегии и HR аналитика.

Последните неколку години работи како HR консултант каде соработува со национални и интернационални организации од различни индустрии: осигурителна, финансиска, фармацевтска, производствена и IT индустрија.

 

Запознајте ја Марина – инструктор на нашата Академија за Full Stack HR

 

Име и презиме: Марина Бабамова

Академија: Full-Stack HR Академија

Модул: Алтернативни пристапи кон менаџирањето со човечки ресурси; Организациска култура за подобра компанија

Професија: HR консултант

Искуство: 10 години

Зошто баш HR: Заради неговата есенцијалност за организацијата и луѓето во неа, заради интеракцијата со луѓе и можноста за позитивно влијание, заради континуираното учење и развој од контактот со секоја нова организација и индивидуа, заради разноликоста на секој работен ден…

Хоби: Истражување, книги, пешачење

Омилена книга: било која книга на Ирвин Јалом, Харуки Мураками, Елиф Шафак

Омилен цитат: “Train people well enough so they can leave, treat them well enough so they don’t want to.” 

 

Уписите за следната група на Full-Stack HR Академија се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.