Запознајте ги нашите алумни студенти од Академијата за UX/UI дизајн кои покажаа голема упорност и посветеност на предавањата додека работеа на реалните проекти. Тие се амбициозни и љубопитни личности кои имаат пасија за учење и сакаат да растат во една од најкреативните професии – UX/UI дизајн. 

8 месеци, голема истрајност, напорна работа и многу учење беа потребни за Ивана, Анастасија, Дарко, Елена и Матилда да ги развијат своите вештини и да можат да влезат во светот на UX/UI дизајнот како идни генерации на успешни UX дизајнери. Нивното кариерно патување не завршува со завршувањето на оваа Академија, туку тие продолжуваат напред – да работат со полна пареа и да постигнуваат нови успеси. 

 

Прочитајте што ни раскажаа нашите алумни студенти од Академијата за UX/UI дизајн за нивното искуство по завршувањето на оваа Академија

 

 

Раскажи ни за некој проект и целиот процес на дизајнирање на кој имаш работено и си посебно горда за своето достигнување?

Ивана: Еден од проектите со кои посебно се гордеам е реалниот проект од Академијата за UX/UI дизајн, редизајн на renoon.com. Овој проект беше еден од поголемите на кои работевме со групата. Понекогаш е тешко да го разбереш клиентот што точно сака, но по неколку грешки конечно научивме добро да го слушаме клиентот и тоа ни донесе победа. Нашиот дизајн беше избран од клиентот и моментално е во процес на изработка, но уште сега можат да се забележат промените на страницата и веќе се функционални за илјадници корисници кои купуваат од страницата.

 

 

Што сѐ е потребно за да се биде добар UX/UI дизајнер?

Анастасија: Потребно е да се има страст кон учење, создавање и решавање на проблеми, open-mindedness и емпатија, тимска работа и љубопитност…Според мене најважната вештина е можноста на разбирање на луѓето. Добриот UX/UI дизајнер има способност да размислува и кореографира интеракции што луѓето ги имаат со некој производ/услуга низ канали, медиуми и платформи на начин што им користи и на производот/услугата и најважно од сè, на луѓето што го користат.

 

 

На какви проекти и со кои техники и алатки уживаш да работиш? 

Дарко: Прва алатка која почнав да ја користам беше Adobe XD, но по крато време се префрлив на Figma поради подоброто community и open source политиката. За сите групни проекти ја користам и FigJam алатката на Figma, најдобра е за договор, за состаноци, за анализи итн. Бидејќи голем дел од работата ни е имплементација на дизајнот и користиме HTML, CSS и JS, најдобра алатка за тоа ми е VS Code поради прегледност, user friendly interface и одличните екстензии.

 

 

Каква е динамиката сега кога си вработена како full-time UX/UI дизајнер? Како изгледа еден работен ден? 

Елена: На почеток мислев дека работниот ден ќе ми започнува со кафето пред компјутер и завршува со црвени очи од постојано гледање во монитор, но за среќа UX бара доста истражување и запознавање на продуктот со кој работиш. Голем дел од времето посветуваме на физичко тестирање на производите кои ги нудиме. Целиот процес се одвива во три фази: првата фаза е како ние го доживуваме производот и колку лесно можеме да го користиме, втората се нашите бизнис клиенти и приватни корисници кои ги купуваат производите онлајн и секојдневно ги користат нашите веб-страни и третата е подобрување на навигацијата и UI разубавување. Денот се заокружува на само две испиени кафиња 🙂

 

 

Од каде ја црпиш инспирацијата за нови и интересни дизајни? – Матилда 

Dribbble ми е go to место за генерирање идеи. Но, најискрено инспирација црпам секаде, почнувајќи од концепти на внатрешен дизајн, цветни аранжмани, филмови, постери, начин на раскажување, па сѐ до организација на маркет и тезга на пазар. Добра фунционалност и привлечно пакување можат да се најдат насекаде околу нас. По започнувањето на Академијата сфатив дека UX/UI не само што е процес на креирање, туку е всушност процес на размислување и како таков можеме да го најдеме секаде и кај секого. 

Ме фасцинира идејата да го доживувам секојдневието од аспект на UX, постојано да размислувам како елементите околу мене влијаат на мене, како влијаат на другите, како ми го олеснуваат, отежнуваат или разубавуваат животот. И најчесто тие анализи ми ги носат најголемите идеи! Дизајнот е секаде околу нас, ние живееме во дизајн. 

 

На Академијата за UX/UI дизајн работиме на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!