Hiring партнерството на Brainster е двостран процес преку кој компаниите добиваат талентирани студенти, внимателно одбрани и кои се во согласност со културата и потребите на нивната компанија, а студентите веднаш по завршувањето или во текот на Академијата добиваат шанса за практикантство или вработување.

Во оваа блог објава, ви го претставуваме нашиот Hiring партнер – Ryaktive.

Оваа недела имавме краток разговор со една од првите компании кои станаа партнери на Brainster – Husam Bamatrf, основач и CEO на агенцијата Ryaktive со централни канцеларии во Дубаи.

Ryaktive е software development агенција која помага големите идеи на клиентите да се трансформираат во реалност.

Партнерството со Ryaktive ни започна пред неколку месеци, како наши партнери за вработување тие моментално имаат 2 вработени студенти од Академијата за Data Science и Академијата за UX/UI дизајн.

Нашата грижа за студентите и компаниите е во центарот на нашата работа, па токму затоа во ова интервју ви го пренесуваме искуството на компанијата.

 

Во продолжение, си поразговаравме со Husam Bamatrf за Hiring партнерството со Brainster:

 

 

Здраво Husam, фала ти што си дел од ова интервју, кажи ни нешто за тебе, која е твојата позадина и која е твојата моментална работна позиција?

Здраво и ви благодарам за убавите зборови. Јас сум софтверски инженер, основач и директор на Ryaktive Software Development агенцијата. Имам повеќе од 17 години искуство во IT сферата, односно работење со проекти во јавен сектор за дигитална трансформација во Обединетите Арапски Емирати.

 

Прв пат стапивме во контакт пред неколку години и од тогаш сме имале супер комуникација. Можеш ли да ни кажеш повеќе за компанијата Ryaktive, која е вашата култура на работење и која е сферата во којашто работите?

Ryaktive е агенција за software development. Повеќето од времето работиме со стартапи и претприемачи кои бараат агилен тим што е флексибилен и може да одговори брзо на динамичните барања за овие стартапи. Ние градиме дигитални продукти од почеток до крај.

Флексибилноста е дел од нашата култура, не само за нашите клиенти, туку и за нашите вработени. Секој има слобода во изборот на локацијата за работа, без разлика дали е во канцеларија или онлајн, иако имаме убави канцеларии коишто гледаат кон центарот на градот Скопје и прекрасната планина Водно.

Нашата комуникација се одвива преку платформата Microsoft Teams, на тој начин соработуваме и со тимовите кои работат remote. Ги споделуваме информациите за проектите на коишто работиме, (понекогаш споделуваме и постови кои не се поврзани со работа, за да се насмееме), ги организираме сите тие конверзации во посебни сегменти на каналите, со цел да ги направиме работите порелевантни и полесни за наоѓање.

 

 

Како изгледа еден типичен работен ден во Ryaktive?

Имаме агилна култура, го почнуваме денот со stand-up meeting каде што секој дава известување за претходните обврските кои се завршени, а овде влегуваат сите предизвици и сите успеси. Ја почнуваме неделата со нашиот состанок за правење на неделен план каде што ги кажуваме сите цели за неделата кои помагаат за остварување на големиот проектен план.

Веруваме дека влијанието на постојаното учење е многу важно, па поради тоа ги мотивираме нашите вработени да пронајдат малку време од нивниот ден за да го посветат на учење, како и на целите коишто сме ги поставиле заедно, а се во согласност на целите и стратегијата на компанијата.

 

Каков е профилот на луѓето кои што би сакале да работат во вашата компанија? Кои се нивните интереси и вештини?

Во Ryaktive, нудиме еднаквост за сите, нашиот критериум кога вработуваме луѓе не е само за нивните технички способности, туку како еден од поважните, е нивниот карактер. Сакаме луѓе кои се тимски играчи и ќе се поддржуваат меѓусебе, исто како и луѓе кои го гледаат учењето како еден вид на патување на кое му нема крај. За нас, нашите вработени се нашите главни средства, затоа е многу важна селекцијата на вистинските луѓе за нашиот успех.

 

Кое е вашето мислење за вработување на студенти или пак кадри кои се на почетокот на нивната кариера?

Сметам дека студентите коишто имаат завршено во Brainster, не се на почетно ниво затоа што тие имаат работено на вистински проекти со вистински клиенти за време на нивната програма. Најчесто, универзитетите се фокусираат повеќе на учење на теорија, а не толку многу на техничките вештини кои помагаат во реалниот живот.

 

 

Како сте задоволни од вашето партнерство со Brainster и дали би препорачале ваков тип на партнерство на други компании?

Задоволни сме од поддршката и помошта која ја добиваме од Brainster за вработувње на нови кандидати според нашите барања. Кога ја основав агенцијата Ryaktive, бев прилично нов на македонскиот пазар во IT сферата, но имав среќа што во тој период се запознав со работењето на Brainster, бидејќи многу ми помогнаа за да ги најдам вистинските кандидати и да ги намалам финансиските трошоци кои би ги дале на агенциите за вработување.

 

Кој е вашиот feedback за кандидатите кои ви ги имаме препорачано и започнале да работат во вашата компанија?

Нашиот data analyst Александар и нашиот UX/UI дизајнер Никола, имаат завршено на Aкадемијата за Data Science и Академијата за UX/UI дизајн на Brainster и двaјцата се супер. Секогаш сум задоволен од аутпутот на нивната работа и клиентите сакаат да соработуваат со нив.

 

 

Какви можности нуди вашата компанија за развој и едукација?

Во ИТ секторот, технологијата се развива и се менува многу брзо, а доколку престанеш да учиш и да се надградуваш на персонално и професионално ниво, тогаш си надвор од пазарот. Па, затоа ние имаме планови за учење што ги поставуваме со секој од вработените поединечно. Им обезбедуваме да трошат 20% од своето време на поставените цели за учење, а исто така им понудивме и претплати на премиум платформи за онлајн учење.

 

И за крај, каков совет би им дале на сите оние коишто се заинтересирани да работат во овој сектор?

Денес софтверот го движи светот и е дел од секој аспект во нашиот живот, а исто така, овој тренд ќе продолжи понатаму. Никогаш нема да згрешите ако го изберете ИТ секторот за да ја градите својата кариера. Но, сепак, треба да бидете подготвени континуирано да учите низ целата ваша кариера и да не останете на она што веќе го знаете, бидејќи оваа работа бара многу учење, трпение и упорност.

 

Ако сѐ уште се прашувате зошто да станете hiring партнер на Brainster, посетете ја co-innovation & hiring платформата и уверете се сами.

Биди дел од иднината и соработувај со Brainster преку платформата за иновација.

Имаш потреба од талентиран кадар за твојата компанија? Вработи студент преку нашата платформа