Запознајте ја Софија Шутарев – алумни студент од нашата Академија за UX/UI дизајн, која по завршувањето на една од најкреативните програми, ја започна својата кариера во светот на UX дизајнот како UX/UI дизајнер во компанијата LudoTech.

 

Си поразговаравме со Софија за нејзиното ново работно место и искуството

 

Здраво Софија. Пред сѐ, честитки за новото работно место! Ние на Академијата те познаваме, но што би споделила за останатите?

Здраво! Јас сум Софија, имам завршено на ФЛУ и бев студент на Академијата за UX/UI дизајн. Се сметам себеси за креативна и комуникативна личност, сакам сѐ што е креативно и имам 3 furry асистенти кои секогаш ми помагаат за време на работа.

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за UX/UI дизајн. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Искрено многу спонтана одлука беше запишувањето на оваа Академија и немав некоја претстава за тоа што сѐ ме чека како студент. Немав никакво предзнаење за што точно е UX/UI (освен дека ми звучеше многу интересно), но Академијата ги надмина очекувањата кои не ни знаев дека ги имам.  

 

Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Една од главните причини зошто сакав да се запишам на Академијата е стравот од дигиталниот свет/технологијата. И тоа ми беше најголем предизвик. Искрено, не очекував дека ќе успеам да се снајдам со било кој модул, но секогаш се трудев да бидам фокусирана на предавањата, за сѐ што не ми е јасно да прашувам (инструктори и колеги) и да одвојам време надвор од предавањата да истражам на своја рака било што поврзано со UX/UI. 

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Секој модул е интересен сам по себе, но ако морам да издвојам – алатки. Мислев дека тој модул ќе ми претставува најголем предизвик, но самото цртање/дизајнирање на сите информации што сме ги собрале, особено правењето прототипи ми беше најинтересно. 

 

По завршувањето на Академијата за UX/UI дизајн започна да ја градиш својата кариера како UX/UI дизајнер во LudoTech. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?

После неколку аплицирања во различни компании, добив повик од LudoTech за интервју. Брзо се одвиваше процесот, но после сите потребни чекори, добив понуда која немаше шанси да ја одбијам. 

 

Што можеш да ни споделиш за оваа компанија? Која е нејзината дејност?

LudoTech е компанија основана во 2019 година со застапништво во Франција и Македонија. Главната цел им е да овозможат на секоја компанија да стигне од замисла до реализација, без разлика на индустријата. Нудат функционални SaaS решенија, мобилни апликации и веб-страници, како и поддршка за понатамошен развој. 

 

Што се очекува од тебе на работното место како еден млад UX/UI дизајнер? Кои би биле твоите задачи и технологии/алатки кои би ги користела?

Мојата главна улога ќе биде изработување на дизајнот на продуктот, со потребите на корисниците во преден план, како и соработка со девелоперите за реализирање на крајното решение. За почеток имам и ментор на кој ќе можам да се потпрам за сè она што не ми е јасно.  

 

И за крај, што би им препорачала на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на UX/UI дизјанот?

Да се каже дека е напорно е потценување. Секогаш имајте предвид дека се работи за вештини, нешто што секој може да стекне и развие. Но, покрај она што се изучува како материјал или како програма, не заборавајте да ги развивате и вашите комуникациски вештини, организирање на своето време, соработка со други, емпатија, критичко размислување. Понекогаш тие soft skills се токму она што може да ве издвои од останатите. 

 

Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!