Запознајте ја Мартина Димкоска – алумни студент од Академијата за UX/UI дизајн, која веднаш по нејзиното завршување на програмата, ја започна својата кариера во светот на UX дизајнот како Web Designer во компанијата R3 Infomedia.

 

Си поразговаравме со Мартина за нејзиното ново работно место и искуството

 

Здраво Мартина, раскажи ни нешто повеќе за себе!

Здраво, здраво! Јас сум Мартина, студент на Академијата за UX/UI дизајн во Brainster каде што завршив пред 4-5 месеци. Како дел од моите особини што би ги издвоила се: организираност, одговорност, способност за брзо учење и тимска работа.  

 

На што се должеше твојот избор да се запишеш на Академијата за UX/UI дизајн?

Секогаш сум била голем љубител на технологијата. Телефонот отсекогаш ми бил полн со апликации кои сметав дека ќе ми го направат секојдневието полесно, сум посветувала внимание на естетиката на нештата, чувствата што ги будат, каква функција имаат, се восхитував на некои интерфејси додека кај некои сум откривала грешки и сум се запрашувала „зошто ова копче стои тука, а нема потреба”. 

Најпрво започнав како самоук дизајнер гледајќи видеа на YouTube. Така ја открив Figma и во слободно време започнав да цртам апликација за штедење на пари.

Во 2019 едукативниот центар Brainster отвори нова Академија за UX/UI дизајн, ја разгледав програмата и беше баш тоа што го барам и сакам: да решавам проблеми и да пронаоѓам нови, креативни начини за решавање на предизвиците.

 

Раскажи ни за твоите студентски денови. Што ти претставуваше најголем предизвик за време на предавањата и учењето на нови нешта?

Делот кога сè што си нацртал треба да го претставиш и во код, Front-end модулот дефинитивно.

 

Веднаш по завршувањето на Академијата за UX/UI дизајн започна да ја градиш својата кариера како Web Designer во R3 Infomedia. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?

Секој ден беше неизвесен, имав неколку неуспешни интервјуа, но тоа не ме натера да се откажам. Така и го најдов огласот на Р3 Инфомедиа, аплицирав, успешно ги поминав сите чекори од интервјуата и станав дел од нивниот тим.

 

Кажи ни нешто повеќе за оваа компанија и кои се твоите обврски како UX/UI дизајнер?

Станува збор за компанија со 15 годишно искуство која им нуди на средните и малите компании целосно решение за успешен дигитален маркетинг и продажба на нивните производи и услуги. Обезбедува напредни веб-страници, опција за онлајн продавници, алатка за објави на социјални мрежи, интернет маркетинг и e-mail кампањи. Учествувам во целиот процес на дизајнот, како и во имплементација на истиот.

 

За крај, што би им препорачала на сите што сакаат да станат идни дизајнери?

Да ги победат сите изговори кои ги имаат, да го слушаат повеќе внатрешниот глас и да го направат првиот чекор, затоа што навистина вреди!

 

Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

 

Како до 1.000.000€? 🤫