Запознајте ги нашите алумни студенти од Академијата за Software Testing кои покажаа голема упорност и посветеност на предавањата додека работеа на реалните проекти. Тие се амбициозни и љубопитни личности кои имаат пасија за учење и сакаат да растат во една од најпопуларните професии – тестирањето на софтвер.
6 месеци, голема истрајност, напорна работа и многу учење беа потребни за Борјанка, Ангел, Марија, Владимир и Кристина да ги развијат своите вештини и да можат да влезат во светот на Software Testing-от како идни генерации на успешни софтвер тестери. Нивното кариерно патување не завршува со завршувањето на оваа Академија, туку тие продолжуваат напред – да работат со полна пареа и да постигнуваат нови успеси.
Прочитајте што ни раскажаа нашите алумни студенти од Академијата за Software Testing за нивното искуство по завршувањето на оваа Академија
Борјанка, пред скоро се вработи во белгиската компанија MediaGenix, кој е твојот совет за оние коишто моментално се запознаваат со Software Testing и сакаат да започнат да градат кариера во оваа област?
Борјанка: Пред сè желбата за учење и љубопитностa се едни од најважните работи доколку се гледате себеси во оваа професија. Секојдневно ќе учите и ќе дознавате нови и различни начини за тоа како еден софтвер функционира и како се развива, па така според мене еден Software tester треба да е организиран, да има око за детали, да биде комуникативен, бидејќи комуникацијата е многу важна во тимот во којшто ќе работите за полесно да ги разберете работите и така подобро би ги извршувале вашите задачи.
Марија, веднаш по завршувањето на Академијата се вработи во The Bright Box, сподели ни ја најпредизвикувачката ситуација со којашто си се соочила за време на тестирање на софтвер?
Марија: Во развивање и тестирање софтвер секој ден е нов предизвик. Мене секогаш ми е предизвик да го откријам коренот на некој проблем/грешка (посебно оние инцидентните и специфични багови) и со тоа да им олеснам на колегите програмери што побрзо да го отстранат истиот, а со тоа да го направат поквалитетен софтверот. За време на работата во The Bright Box, најпредизвикувачка задача ми беше автоматизацијата на тестовите на апи повиците во Postman. Исто така, доста предизвикувачки момент ми беше финалното тестирање и пуштањето во продукција на апликацијата којашто ја тестирав додека бев на пракса, а за чиешто развивање бевме приклучени уште од самото планирање.
Ангел, твојата кариера започна да ја градиш во интернационалната компанија NicheStack од Чешка како Manual/Automation QA Software Tester, а неколку месеци подоцна како резултат на твојата амбиција, твојата кариера продолжи да ја надградуваш во Amygdalab на позиција како QA Engineer. Врз основа на она што го знаеш сега, дали би го избрал истиот кариерен пат?
Ангел: Најпрво мора да се каже дека без посветеност и максимален фокус нема напред. Секогаш напред нè води желбата да успееме да направиме нешто во својата кариера на кое ние самите ќе сме горди, па од таму доаѓа и успехот. Тоа што го знам во моментов е многу малку во споредба со тоа што имам зацртано да го знам понатаму, но нели искуството се стекнува со време, па не се брзаме никаде. Овој кариерен пат и овој напредок во кариерата којшто се нуди на ова поле е многу прогресивен и секој којшто има желба и мотивација да успее го чекаат истите успеси, а со тоа доаѓа и сатисфакцијата која ја добиваш откога ќе исполниш нешто што си зацртал да оствариш.
Владимир од наш студент на Академијата за Software Testing дојде до remote позиција во Amio – Виена. Која е твојата работна позиција и како изгледа еден твој работен ден? Во кои моменти најмногу уживаш?
Владимир: Официјално сум „Junior QA Engineer“. 😀 Кога започнав бев одговорен да креирам „test plan“ и според него да направам „test cases“ (дел за smoke, дел за regression) со помош на кои би имале најголема покриеност. Секој ден ми започнува со „daily stand up” каде што сите кажуваме што сме направиле претходниот ден и што планираме да направиме денес. Следно, проверувам дали има „bugs“ за да ги ре-тестирам и во зависност од исходот, ги пријавувам и вршам „regression test“ со цел да се види дали некои други елементи се зафатени од промените. Во „downtime“, проверувам „extreme case scenarios“ и работам на автоматизирање на „Smoke Test Cases“. Секако, во зависност од денот, редоследот и задачите се менуваат, но во глобала тоа е тоа. Моменот кога најмногу уживам е кога пишувам автоматски cases.
Кристина по завршувањето на Академијата за Software Testing започна да ја гради својата кариера како практикант во фирмата Armedia. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?
Кристина: Дефинитивно најтежок дел од процесот беше неизвесноста. Имав неколку неуспешни интервјуа, недобиени позиции, но тоа не ме натера да се откажам. Го најдов огласот на Armedia, аплицирав и по една недела имав интервју, кое успешно помина и се вработив како практикант.
На Академијата за Software Testing работиме на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!
Уписите се во тек, резервирај го своето место навреме!