DEPT - новиот партнер за вработување на Brainster | Brainster

DEPT – новиот партнер за вработување на Brainster

Партнерството за вработување на Brainster е двостран процес преку кој компаниите добиваат талентирани студенти, внимателно одбрани, кои се во согласност со културата и потребите на нивната компанија, а студентите веднаш по завршувањето или во текот на Академијата добиваат шанса за практикантство или вработување.

Во оваа блог објава, ви го претставуваме нашиот партнер за вработување – DEPT.

DEPT e интeрнационална дигитална агенција, распространета во повеќе од 15 земји низ Европа и Америка, со над 30 канцеларии и преку 2 000 вработени. 

Инспирација преку иновација е дел од нивното мото, а соработката со познати брендови и компании, како што се: JBL, Adidas, Patagonia, Samsung и Canyon само ја потврдува нивната исклучителност. 

 

Во денешното интервју, нешто повеќе за компанијата, културата и професијата, ќе ни објасни Катерина – HR во компанијата DEPT

 

 

Здраво Катерина, кажи ни нешто повеќе за тебе, која е твојата позадина и која е твојата работна позиција во моментов?   

Здраво Brainster! Моето име е Катерина. Пред 4 години, од стриктно формалниот свет на правото, решив да преминам во ИТ/дигиталната сфера и во ниту еден момент не се покајав за оваа одлука. Денес сум дел од тимот на DEPT канцеларијата во Скопје и работам како HR & Recruitment.

Она што секојдневно ме мотивира и инспирира е задоволството и насмевката на моите колеги, утринските муабети покрај кафематот, многубројните роденденски прослави и DEPT годишнини на колегите, но најмногу од сѐ, ентузијазмот на мојот колега Никола, искусните совети на Предраг, енергијата на Сања, проникливоста на Иван, посветеноста на Ѓорѓи, логистичките способности на Тихи итн. 

 

Кои се DEPT, каква е културата на оваа компанија и кое ви е полето на работа?

DEPT е интернационална дигитална агенција за креативност, технологија и data, која претставува one-stop-shop во полето на дигиталните услуги. Нашиот тим го сочинуваат повеќе од 2.000 колеги, распространети во над 15 држави во Европа и Америка. 

Нашата цел е да им помогнеме на многубројните клиенти во градењето на нивниот дигитален бизнис преку создавање на квалитетни дигитални решенија, услуги и кампањи.

Нашата желба е да станеме најдобрата дигитална агенција во светот, но во согласност со мисијата: ,,Позитивно да влијаеме не само на нашите вработени и клиенти, туку и на општеството во целина’’.

 

 

Како изгледа еден работен ден во ваква голема компанија?

Работниот ден во DEPT не може да се опише, истиот мора да се доживее! Работата во агенција каква што е DEPT е навистина динамична, полна со секојдневни предизвици и секој ден e интересен и поразличен од претходниот.   

 

Каков е профилот на луѓето коишто сакате да работат во вашата компанија? Кои се нивните интереси и вештини? 

Сакаме кандидати кои се проактивни, амбициозни и мотивирани. Кандидати кои се свои и го кажуваат своето мислење, кои сакаат да учат, да напредуваат и да работат во динамична атмосфера. И да не го заборавиме најважното, кандидати кои ќе ја почитуваат традицијата на DEPT Beer Friday и ќе играат фудбалче, без попуштање. 🙂

 

 

Моментално имате вработено еден студент од Brainster. Како се снаоѓа тој и кое е вашето мислење за вработување на кадри кои се на почетокот на нивната кариера?

Да, моментално, имаме еден студент – Димитри од Академијата за Data Science на Brainster, кој е дел од нашата Data Engineering Traineeship програма. Димитри со голема леснотија се вклопи во тимот, и колегите од програмата и менторите имаат навистина пофални зборови и гледаат голем потенцијал во него.

Како што споменав погоре, Димитри е дел од Data Traineeship програмата, која има два модули Data Engineering и Data Analytics. Оваа Traineeship програма веќе со години се спроведува во рамките на останатите канцеларии на DEPT и голем дел од луѓето коишто ја посетувале истата денес се вработени во DEPT. Затоа, за прв пат годинава решивме да ја спроведеме и во нашата канцеларија и одзивот беше прекрасен. 

Програмата е наменета е за сите data ентузијасти, кои се на почеток на нивната кариера и кои сакаат да го надоградат своето знаење, да работат со професионалци во областа и воедно, да се здобијат со практично искуство. 

Се радувам зашто нашите колеги имаат одлична можност да работат и учат од ментори – млади експерти со големи и успешни проекти зад себе кои несебично сакаат да го споделат своето искуство.

 

Како сте задоволни од соработката со Brainster и дали ваков тип на соработка би препорачале на други компании?

Дефинитивно! Имавме прекрасна соработка со Brainster, конкретно со Јана и Ања, кои беа посветени на задачата да ни помогнат во наоѓањето на соодветни кандидати.

 

 

Какви можности за раст и за учење нуди вашата компанија? И зошто е ова важно за вас?

За да го исполниме нашиот стремеж да станеме најдобрата дигитална агенција на светот, мораме секогаш да одговориме на барањата на клиентите на ефикасен начин и да го испорачаме најквалитетното решение. За да го постигнеме тоа, мораме да бидеме во тек со најновите технологии, алатки и трендови во дигиталниот свет. 

За таа цел, нашите вработени постојано следат курсеви, обуки, конференции кои им помагаат во нивната професионална технична надоградба. Воедно, на располагање на нашите вработени се и платформите DEPT College, Pluralsight, Good habitz, каде што бесплатно можат да ги посетуваат сите курсеви и работилници од различни области.

 

И за крај, која е пораката којашто сакате да ја испратите до сите оние кои се заинтересирани за работа во овој сектор?

Идни колеги и соработници, ве охрабрувам да го преземете следниот чекор во Вашата кариера! Дигиталната сфера е динамична и несекојдневна, но воедно многу забавна и инспиративна. Затоа не се плашете да бидете проактивни и настојувајте да ја нахраните вашата жед за нови знаења и искуства! 

Доколку некој од вас се пронајде во описот на идниот Депстер, веднаш посетете ја career страната на DEPT и придружете се на нашиот тим! Ве очекуваме!

 

Ако сѐ уште се прашувате зошто да станете hiring партнер на Brainster, посетете ја co-innovation & hiring платформата и уверете се сами.

Биди дел од иднината и соработувај со Brainster преку платформата за иновација.

Имаш потреба од талентиран кадар за твојата компанија? Вработи студент преку нашата платформа