Запознајте ја Виолета Трајкова – Николоска, алумни студент од Академијата за Data Science, која веднаш по нејзиното завршување на една од најинтензивните програми, ја започна својата кариера во светот на податоците и анализата како Big Data Analyst во компанијата KPN.
Си поразговаравме со Виолета за нејзините студентски денови и новото работно место
Здраво Виолета, ние од Академијата за Data Science те познаваме, но што би споделила за останатите?
Ја избрав Академијата за Data Science на Brainster поради тоа што сакав да направам кариерна промена и заедно со Brainster, како и со многу труд и работа успеав во тоа.
Пред сѐ, честитки за новото работно место. Само што заврши стигна до посакуваната работна позиција. Да почнеме од почеток, раскажи ни како ти се роди желбата за Data Science?
Пред да започнам со Академијата за Data Science, веќе изучував Power BI и имав добиено неколку Microsoft сертификати за анализа на податоци. Кога ги разгледував можностите за понатамошно надградување во таа насока, Data Science ми беше најлогична и најсродна опција. Свесна бев дека патот нема да е лесен, но сметам дека вредеше. Запознав прекрасни луѓе на Академијата, одлични колеги и инспиративни инструктори, и секако, ја искористив можноста за кариерна промена.
Дел од интензивната програма на оваа Академија е работата на реални проекти за реални клиенти кои бараат многу посветеност и време за учење. На кој начин сметаш дека посветеноста за нивно успешно совладување ти помогна да дојдеш до твоето ново работно место?
Академијата за Data Science е најдолга и најинтензивна, бара голем ангажман, но тоа што континуирано ги работев домашните задачи, учев и ги следев часовите, најмногу ми помогна за техничкото интервју при вработувањето. Исто така, од работодавачот добив проект кој требаше добро да се сработи за да се влезе во крајниот круг на избор. Покрај тоа, сега кога почнав со работа, сфаќам дека имам многу цврста основа за да се вклопам во работата и да продолжам и понатаму да се надградувам.
Раскажи ни повеќе за твоето кариерно патување. На што најмногу се гордееш со себе?
Горда сум што доаѓам од сосема различна и несродна струка и што и покрај тоа, успеав успешно да ја завршам Академијата и да ги исполнам очекувањата на програмата.
Твоето ново работно место, каде што ќе продолжиш да ги надградуваш своите знаења и вештини е компанијата KPN. Сподели ни повеќе информации за оваа компанија.
KPN е една од најголемите телекомуникациски компании во Холандија која има 6,3 милиони корисници на фиксна телефонија и повеќе од 33 милиони претплатници на мобилна телефонија во Холандија и околните земји под различни брендови кои се во нејзина сопственост. Исто така, обезбедува услуги за податочен транспорт и обезбедува интернет пристап на 2,1 милиони корисници. Тоа е компанија која има 13000 вработени и е еден од најголемите телекоми во Холандија кој најдолго опстојува на пазарот. Привилегија ми е што имав можност да ѝ се приклучам на една таква компанија.
Како изгледа еден ден во животот на Big Data Analyst?
Во моментот, поради тековниот развој на ситуацијата со корона, целосно се работи од дома, меѓутоа и на тој начин функционираме непречено и целосно. Во целост работиме според Scrum. Имам задолженија во делот на кодирање, кверирање и планирање, но исто така и мониторинг на data flows. За атмосферата, условите за работа и тимот во кој работам, имам само најпофални зборови. Работам со неверојатни специјалисти во својата област од кои многу учам, кои сакаат да споделуваат знаење и кои несебично ми помагаат секогаш кога е потребно.
Што подразбира опсегот на твоите задолженија? Кои алатки и техники ги користиш на дневно ниво?
Во KPN главно работам со Big Data на Hadoop кластер. Користиме главно scala, spark и hive. Притоа користиме Intellij и Dbeaver, но имаше и задача која требаше да ја завршам и во bash.
Каде се гледаш за 5 години во иднина?
За 5 години се гледам како изграден професионалец во оваа област кој не престанал да учи.
И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Што би ги советувала сите оние кои размислуваат да ја променат својата кариера и да започнат да учат Data Science?
Data Science и воопшто анализата на податоци, денес се вбројуваат меѓу најпопуларните и најбарани профили на пазарот. Компаниите сè повеќе воведуваат data-driven процеси и целосно се трансформираат во data-driven компании. За таа цел, потребни се соодветни кадри и секој кој има интереси за тоа поле, не треба воопшто да се двоуми. Во таа насока, Brainster е вистински избор како Академија со најсеопфатна и најдобра програма, одлични инструктори и поддршка при вработување. Потребен е голем ангажман за Академијата успешно да се заврши, но на крајот добрите резултати нема да изостанат.
Уписите за следната група на Академијата за Data Science се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
На Академијата за Data Science работиме на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!