Графичкиот дизајн е одличен избор за изразување на креативноста. А веќе сме и добро запознаени дека графичкиот дизајн е област каде што професионалците создаваат визуелна содржина која им користи да комуницираат пораки.

Ја составивме нашата листа на најпопуларните вебинари за графички дизајн изминатиов период, за кои бројките покажаа дека се најгледани, најинформативни, забавни, но и од големо значење за сегашните и идните студенти на Академијата за графички дизајн.

Преку овие вебинари ќе се информирате повеќе за кариерните можности кои ги нуди овој тип на дизајн, што е потребно за почеток на кариера во оваа сфера, кои вештини се потребни за да се биде успешен графички дизајнер, како се креира бренд идентитет, ќе дознаете за моќта на визуелните комуникации и како да стигнете од скица до графички дизајн.

 

Во продолжение, најпопуларните вебинари за графички дизајн на Brainster:

 

 

1. Од скица до графички дизајн

Скицирањето е едно од најважните процеси за сите кои сакаат да започнат кариера во дизајн. Без разлика дали скицираме рачно или пак дигитално, секој голем дизајн започнал со овој процес. На ова предавање ќе се запознаеш со процесот на скицирање и како твојата идеја да ја пренесеш на лист хартија, па сѐ до графичко решение. Ќе се запознаеш со процесот на работа и како се креира една илустрација. Ќе се мотивираш да ја покажеш твојата креативност на светот. Погледни го целото предавање.

 

 

2. Моќта на визуелните комуникации и дизајнот

Голем број истражувања ја покажуваат важноста и предностите на визуелните комуникации и графичкиот дизајн, сугерирајќи дека луѓето подобро учат и помнат информации кои им се претставени визуелно, отколку само со зборови. Предавањето изобилува со практични примери, интересни факти и конкретни совети кои ќе ви помогнат да го подобрите квалитетот на визуелните комуникации на вашата фирма или организација, но и вашето претставување во професионалната комуникација или на социјалните медиуми. Погледни го целото предавање.

 

 

3. Креирање на бренд идентитет

Како се создава еден бренд? Низ анализа на реални проекти – LAIKA & COLONY,  ќе можеш да ги научиш основите на создавање на еден бренд. Од креирање на лого, преку избор на бои, до типографија и приказната која стои позади брендот. 

Бренд идентитет вклучува повеќе елементи чија крајна цел е привлекување на нови потрошувачи кон брендот притоа правејќи постоечките да се чувствуваат како дома. Логото, типографијата, пакувањето и боите се основни елементи кои создаваат еден бренд идентитет. Креирање на еден бренд идентитет подразбира поминување на неопходни чекори како: – Дефинирање на целите на брендот и неговото позиционирање – Темелно истражување на пазарот – Креирање на впечатливо лого – Дефинирање на колор палета – Одбирање на типографија. Погледни го целото предавање.

 

 

4. Design Kitchen

Дизајн Кујна е местото каде што дизајнот се пресекува со уметноста, науката и технoлогијата. Во рамките на овој вебинар ќе се запознаете со процесите на создавање и бидување дизајнер низ призмата на процедурата за подготовка на леб. Едноставна во поглед на намирници – комплексна во егзекуција. Дизајнот непрекинато еволуира и ја менува својата форма, насока и цел. Глобалната пандемија како точка на пресврт наложи, но и иницираше и забрза многу процеси и промени.

Дигитализацијата значително ја олесни комуникацијата, а домашните простори станаа сè помодуларни, менувајќи се помеѓу креативно студио, библиотека, заеднички простор и кујна. Токму во тие услови, подготовката на леб во домашни услови добива уникатно културно значење за животот во карантин и аналогија за структурите на потрошувачката. Погледни го целото предавање.

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!