Развојот на UX/UI дизајнот како професија е нешто што се случи сосема природно и спонтано. Потребата се разви заедно со еволуцијата на технологијата и светот воопшто. Во последниве години, со дигитализацијата како движечки фактор, фокусот на корисничкото искуство стана една од најзначајните работи, со што се зголеми и побарувачката за искусни UX дизајнери од страна на компаниите.

Ја составивме нашата листа на најпопуларните блогови за UX/UI дизајн изминатиов период, за кои бројките покажаа дека се најчитани, најинформативни, забавни, но и од големо значење за сегашните и идните студенти на Академијата за UX/UI дизајн.

Во овој блог ќе се информирате повеќе за кариерните можности кои ги нуди UX/UI дизајнот, што е потребно за почеток на кариера во оваа сфера, кои вештини се потребни за да се биде успешен UX/UI дизајнер, како и за атмосферата на Академијата, хакатоните, реалните проекти на кои работат нашите студенти и клиентите со кои соработуваат.

 

Во продолжение, 5-те најпопуларни блогови за UX/UI дизајн на Brainster:

 

 

1. Студентите од Академијата за UX/UI дизајн креираа решение за Види Вака

Нов реален проект, нов предизвик на Академијата за UX/UI дизајн. Овој пат, студентите имаа задача да направат целосен UX/UI дизајн на новата веб страница на Види Вака. Станува збор за една насловна страница и неколку внатрешни страници со различна намена кои треба на динамичен начин да ја прикажат нивната работа и различните формати на раскажување кои ги нудат, а воедно и да го истакнат квалитетот на истите.

 

 

2. UX/UI решение креирано од нашите студенти за сите компании кои имаат потреба од tech таленти

Платформата за ко-иновации и вработување на Brainster e еден од најновите продукти креиран целосно од нашите студенти. Оваа платформа е наменета за да го олесни процесот на ко-иновирање на идеи и вработување на талентирани студенти. Токму поради ова, решивме да дадеме целосна доверба на студентите од првата група на Академијата за UX/UI дизајн при креирање на оваа платформа како едни од главните корисници на истата. Прочитај повеќе.

 

 

3. Со едноставни чекори до одличен UX дизајн

Методот за оптимизирање на корисничкото искуство на вашата веб-страница или апликација, со тоа што ќе ги направите пофункционални, интерактивни и лесни за користење е познат како дизајн на корисничко искуство или UX дизајн.

80% од корисниците ја напуштаат платформата ако не им се допаѓа бидејќи не им е тешко да најдат замена за истата, оставајќи висок bounce rate. Знаејќи го овој факт, лесно е да се види зошто UX дизајнот е толку важен за сите продукти кои се наоѓаат на пазарот. Прочитај повеќе.

 

 

4. Инструкторот Горјан и студентите зборуваат за Front-end модулот на Академијата за UX/UI дизајн

Како дел од интензивната и темелната 30 неделна програма на Академијатa за UX/UI дизајн се изучува и модулот Front-end, каде што студентите се запознаваат со неговите основи и технологијата, HTML, CSS, базичен Javascript + jQuery, како и користење на алатки Visual Studio Code, Github итн. Во продолжение си поразговаравме со инструкторот Горјан за модулот Front-end и Академијатa за UX/UI дизајн.Прочитај повеќе.

 

 

5. Елена од Академијата за UX/UI дизајн е новото засилување во The New Ways – Amsterdam

Запознајте ја Елена Фидановска – алумни студент на нашата Академија за UX/UI дизајн која покажа одлични перформанси за време на предавањата, не ја пропушти можноста да учествува на хакатоните и да изработи одлични реални проекти. Моментално живее во Амстердам, каде што ја започна својата кариера како UX/UI дизајнер во The New Ways – најголемата компанија во светот која што произведува и дистрибуира додатоци за пушење на канабис. Прочитај повеќе.

 

На Академијата за UX/UI дизајн работиме на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!