По 6 месеци исполнети со многу работа, предавања, реални проекти и вежби, дојде време студентите од Академијата за дигитален маркетинг да работат на нивните завршни проекти со цел да ја комплетираат програмата на Brainster.

Тие имаа можност да работат на реален проект за реален клиент под менторство на нашиот инструктор Дијана Десподов. Нивната задача беше да изработат целосна Digital Marketing стратегија за МАККА Бар.

МАККА е еден од најновите и најпопуларните кафулиња во центарот на Скопје периодов, место коешто е урбано, градско, различно и наменето за категорија на луѓе коишто сакаат да уживаат во забавата, музиката и уметничкиот дух.

Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она на Јовица Каранфилоски

 

 

За задоволството од соработката, клиентот МАККА Бар ни сподели:

Како еден од најновите локали во Скопје, соработката со Aкадемијата за дигитален маркетинг на Brainster ни беше од големо значење за собирање на нови идеи и интересни планови за промовирање на МАККА бар. Им се заблагодаруваме на сите студенти кои одвоија време за да креираат маркетинг стратегија за нашиот локал и им посакуваме среќа во нивните кариери во иднината!

 

 

Во продолжение си поразговаравме со Јовица за неговиот реален проект и искуството на Академијата за дигитален маркетинг

 

Здраво Јоцо! Ние на Академијата за дигитален маркетинг те познаваме, но што би раскажал за останатите? 

Јовица Каранфилоски, млад, амбициозен, решителен и вреден. Сакам да истражувам нови работи и да се надградувам, поради тоа што колку повеќе знаење имаш – толку повеќе вредиш и се цениш самиот себе. Имам 32 години и сум сопруг и татко. Живеам и работам во Скопје, моментално работа која е многу спротивна со ова што го затекнав тука. Имам голема желба да се запознаам многу подобро со дигиталниот свет и да стекнувам нови вештини.

 

Раскажи ни повеќе за твојот завршен проект, како и целиот процес на креирање дигитална маркетинг стратегија? Кои беа фазите?

За завршниот проект имав доволно време да го спремам така што навистина се посветив и вложив труд. Најпрво се водев според неколку точки кои ги научив во текот на Академијата и во текот на спремањето доста пати се консултирав со колегите и менторот и истражував многу проекти на интернет, па потоа доаѓаше и до голем број измени на почетниот проект, се додека не ја финализирав целта.

 

Што беше потребно да се истражи и да се дознае, пред да почнеш да работиш на овој проект?

Кога ги дадоа темите на кои ќе се работи истражив за МАККА дека е нов отворен локален скопски бар и тоа ми даде мотив за да се опуштам со идеите и да смислам стратегија која би го испромовирала во најдобро светло.

 

Кои беа твоите задачи и раскажи ни повеќе за нив.

Моите задачи беа споменати во дадениот бриф од клиентот. Таму беше наведно што и кон кои цели се стреми МАККА Бар и на што треба да се посвети поголемо внимание.

 

 

Како се одвиваше целата соработка со клиентот и дали успеа да ги исполниш барањата во одредените рокови?

Соработката со клиентот се одвиваше така што на неколку пати во рок од месец дена имавме состаноци каде се поставуваа прашања, се даваа одговори, се дискутираше за моменталните идеи и дали се водиме во правилна насока. Мислам дека со самото тоа што бев победник во мојата група дека ги задоволив барањата на клиентот и го испочитував рокот.

 

Од каде ја црпеше инспирацијата за твоето решение да биде победничко?

Инспирацијата за мојот проект да биде победнички ја црпев на тој начин што многу време анализирав, се консултирав, истражував и вложив доста труд, кој резултираше со позитивни резултати и морам да напоменам дека моја најголема поддршка за да успеам беше мојата сопруга.

 

И за крај, честитки за успешно сработениот проект и новостекнатите вештини. Кој е твојот совет до сите оние кои сакаат да започнат кариера како дигитални маркетери?

Совет за сите кои се двоумат дали се спремни за да започнат кариера во светот на дигиталниот маркетинг – да не се плашат да ризикуваат затоа што оваа Академија има добра стратегија за да се совладаат овие предизвици. Затоа што сè може да се научи и совлада ако се има голема желба за тоа. Believe in yourself!

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето на време!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!