Во последните неколку години, Software Testing прерасна во многу популарна професија. Голем број на луѓе се привлечени од ова и размислуваат кон кариерна промена. Секој индивидуално поседува различни квалитети, кои играат голема улога во самата професија Software Testing.

Поради брзата дигитализација на нашето општество, софтвер тестерите станаа неизоставен дел од секој tech team. Гледајќи историски многу софтверски грешки настанати од страна на еминентни компании како што се Nissan, Mc’ Donalds и други, можеле да се спречат доколку било применето соодветно тестирање на софтверот.

Ја составивме нашата листа на најпопуларните вебинари за Software Testing изминатиов период, за кои бројките покажаа дека се најгледани, најинформативни, забавни, но и од големо значење за сегашните и идните студенти на Академијата за Software Testing.

Преку овие вебинари ќе се информирате повеќе за кариерните можности кои ги нуди тестирањето на софтвер, што е потребно за почеток на кариера во оваа сфера, кои вештини се потребни за да се биде успешен софтвер тестер, основи на мануелно и автоматско тестирање, како и неколку tips & tricks за сите идни софтвер тестери.

 

Во продолжение, најпопуларните вебинари за Software Testing на Brainster:

 

 

1. Како до Software testing кариера?

Ако размислуваш дали можеш да се пронајдеш во IT индустријата и кој е патот до кариера како Software tester, ова онлајн предавање ќе ти ги одговори најголемиот дел од прашањата. Ќе дознаеш повеќе што подразбира ова поле и кои активности ги вклучува, која е разликата помеѓу мануелно и автоматско тестирање, како изгледа комплетниот процес во рамките на еден софтвер тестинг проект и кои се најважните вештини за кариера и во кои индустрии тестерите се најбарани. Погледни го целото предавање.

 

 

2. Tips and Tricks за идни софтвер тестери

Кои карактерни особини ги имаш? Дали сметаш дека сите soft skills кои ги поседуваш, се предиспозиција за успешна кариера како софтвер тестер? Дали веќе си решен дека сакаш да започнеш кариера во  Software Testing, па ти требаат некои совети околу тоа? Одговорите на овие прашања ќе ги добиеш на ова предавање. 

Ќе имаш можност да се запознаеш со целиот процес на работа на еден софтвер тестер. Соодветно, ќе се запознаеш со животниот циклус на софтверот и ќе дознаеш како и на кој начин софтвер тестерот има улога во него. Постојат некои клучни ‘must have’ карактеристики по кои се препознаваат и истакнуваат софтвер тестерите, она најпознатото ‘eye for detail’ и многу други ќе бидат претставени на ова предавање. Ќе дознаеш дали треба да имаш некои технички вештини или познавање од одредена област за да работиш во истата. Исто така, ќе се запознаеш со testing вештини кои ќе ти бидат од клучно значење во кариерата. Погледни го целото предавање.

 

 

3. Основи на мануелно и автоматско тестирање

Software Testing претставува проверка на квалитетот на софтверот со цел да се утврди дали апликацијата или системот функционира правилно и безбедно. На ова предавање ќе се запознаеш со основите на двата главни типа на тестирање – мануелно и автоматско тестирање и ќе научиш како можеш да се стекнеш со соодветни познавања од истите.

Дали знаеше дека софтвер тестингот треба да е присутен во секоја фаза од развојот на софтвер, а не само во крајните фази? На ова предавање ќе научиш зошто тестирањето е најкреативниот дел од развојот на софтвер! Ќе имаш можност да се запознаеш со двата главни типови на тестирање – мануелно и автоматско како и со методите на white box и black box тестирање. Автоматското тестирање не може во целост да го замени мануелното! Погледни го целото предавање.

 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На оваа Академија учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!