Изборот на образование и кариера се најважните одлуки кои имаат големо влијание врз квалитетот и среќата на нашиот живот!
Со таа цел, студентите од Академијата за UX/UI дизајн имаа нов предизвик пред себе, да креираат алатка која ќе ја предвидува кариерната иднина.
Brain’O’Bot е непогрешлив предвидувач на дигиталната иднина, креиран комплетно од нашите студенти на Академијата за графички дизајн и Академијата за UX/UI дизајн.
Студентите од Академијата за UX/UI дизајн работеа напорно на овој проект за време на 48 часовен Хакатон и нивната задача беше да го исцртаат целосниот дизајн и да се погрижат за корисничкото искуство на Landing Page-от на Brain’O’Bot.
Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она на Анита, Стефан и Елена.
Анита, Стефан и Елена се студенти на нашата Академија за UX/UI дизајн, а воедно и едни од студентите кои покажаа одлични перформанси, голема мотивација и амбиција, и резултираа со успешно сработени проекти.
Си поразговаравме со победничкиот тим за нивното искуство на Академијата и работата на овој реален проект
Раскажете ни повеќе за идејата на овој проект?
Brain’O’Bot претставува гејмификациска алатка која преку хумор и интерактивна игра ќе го насочи целниот корисник кон кариерниот квиз. Оваа алатка е само дел од промотивните инструменти на Brainster кои имаат за цел да ги запознаат подетално идните студенти (матурантите како наш примарен таргет) со различните ИТ професии за кои истите имаат недоволни познавања и често носат погрешни одлуки, па подоцна се откажуваат од студии и имаат потреба од преквалификација.
Кои беа барањата од клиентот и како течеше целата соработка?
Нашиот клиент беше многу детален со добро дефиниран концепт за идејното решение што многу ни ја олесни работата на самиот почеток. За секоја веб страница ни беа презентирани саканите елементи (тарот картите, текстот, копчињата). Од друга страна, ни беше дадена целосна слобода да излеземе од првичната замисла, доколку во нашето истражување дојдеме до ново решение. Во текот на креативниот процес на работа, идеите ги консултиравме со менторот. Oткако нашиот проект излезе како победничко решение на хакатонот, имавме повторно состанок со клиентот каде што ги издефиниравме финалните елементи и корекции.
Опишете ни ги фазите на проектот?
Првата фаза беше емпатија со таргет корисниците преку различни методи на истражување, за да ги дефинираме проблемот и потребите на корисникот. Потоа низ brainstorming сесија развивме неколку идеи. Со развивање на low fidelity дизајн и wireframes и консултации со менторот, полека се насочувавме кон подетална разработка на идеите и развивање на high fidelity дизајн. По бројни консултации со менторот и утврдување на дизајнот, почнавме со изработка на прототип.
Како започна целиот процес на работа и со кои алатки и техники се служевте?
Целиот процес на работа започна со поставување на wireframes на хартија. Потоа се насочивме кон нивно дигитализирање, односно поставување во Figma. Целиот дизајн го разработувавме во Figma, со консултации со менторот и проучување на нови интересни алатки во програмот, како и начини за правење на интересни прототипи и анимации.
Раскажете ни за целите што требаше да ги постигнете со овој проект и таргет групите до кои требаше да допре вашата креативност?
Проектот имаше неколку цели: корисниците да се запознаат со професиите на иднината, играта со картички да го сруши стравот на корисниците од дигиталните професии и крајно – корисникот да го води кон решавање на кариерниот квиз кој ќе му ја предвиди идната професија врз база на многу прединформации и податоци за карактерот на личноста. Нашата примарна група беа средношколците, а потоа и млади кои не се задоволни од својот факултет или сакаат да направат кариерна промена.
Какво беше чувството да се работи на еден ваков забавен и интересен проект кој се лансираше во јавност со цел да ги презентира професиите на иднината?
Секој проект на кој работиме на Академијата е интересен на свој начин, но кога станува збор за реален проект, мотивацијата и предизвикот се уште поголеми.
И за крај, што би ни кажале за работата на реални проекти со реални клиенти и можноста за искористување на теоријата во пракса?
Анита: Работа на реални проекти во склоп на учење на Академијата е доста важна работа. Со можноста да го искористиме наученото во пракса, добиваме еден поглед во тоа како би изгледало нашето секојдневие во иднина, доколку работиме на посакуваното.
Елена: Можноста да се работи на реални проекти и да се практикува наученото е најголемата предност на овој тип на учење. На тој начин, ние како студенти, добиваме реална претстава за процесот уште пред првата пракса и вработување.
Стефан: Работата на реални проекти со зададени временски рамки е вистински тест за вештините што ги имаме стекнато до сега, и ни овозможува да го примениме знаењето од UX сферата во реални околности. Позитивно се одразува на нашата самодоверба и не става чекор поблиску кон почеток на идната кариера како UX/UI дизајнери.
Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!