Во почетокот на новата година, сакаме да ви ги споделиме најважните 11 моменти што се случија на нашата Академија за графички дизајн во 2023 година:

 

 

  • Запишани повеќе од 140 студенти, оформени 6 групи 

Оваа година на Академијата за графички дизајн се запишаа повеќе од 140 студенти коишто се одлучија да направат дигитална трансформација и да ги надградат своите знаења и вештини. Студентите напорно работеа и се трудеа навремено да ги завршат сите предизвици и продуктивно да го искористат времето за лансирање на нова кариера! Им посакавме среќа и лесен почеток на студентите од групите 22, 23, 24, 25, 26 и 27 на Академијата за графички дизајн.

 


 

  • Се запознавме со новите студенти на Opening Networking настани, а исто така ги доделивме и сертификатите

Во нашите простории се одржаа Opening Networking настани, каде што се запознавме со студентите од новите групи на Академијата за графички дизајн. Студентите имаа можност да ги запознаат инструкторите, да дознаат повеќе за програмата и модулите кои ќе се изучуваат, како и да слушнат за искуствата на нашите алумни студенти и нивните успешни приказни! Дополнително, ги доделивме сертификатите на студентите кои успешно ја комплетираа програмата!

 

 

  • Откриј како е да се биде графички дизајнер! 

Во оваа блог објава, ќе можеш да се запознаеш со Глорија Јанева, алумни студент од Академијата за графички дизајн, а воедно и дел од дизајн тимот на Brainster, која ни раскажа како изгледа еден ден во животот на графички дизајнер. Дознај повеќе!

 

 

  • AirCare хакатон 1 & 2: Платформа за пријавување загадување во Скопје

Вкупно 250 студенти од академиите на Brainster, како и од Brainster Next College, на двата AirCare хакатона ја креираа апликацијата Breathe.mk, за пријавување на загадување на воздухот во Скопје. На двата 48-часовни хакатони во живо, кои воедно важат за најголеми во регионот, во соработка со стартапот Air Care (Мој Воздух) создадоа платформа која во иднина ќе ја користат граѓаните. Апликацијата ќе овозможи следење и пријавување на загадување на воздухот, по што на терен ќе излезат инспекторите за животна средина од Град Скопје. Дознај повеќе!

 

 

  • Успешно завршени реални проекти за реални клиенти

Како задолжителен дел од програмата на Академијата за графички дизајн е работата на различни предизвици и реални проекти. Изминатата година, студентите имаа можност да работат на повеќе креативни реални проекти за реални клиенти, како за време на предавањата, така и за време на Хакатоните. Студентите работеа на: 

 


 

  • Студентите активно учествуваа на Хакатони

Brainster Академиите постојано соработуваат со партнерите за ко-иновации, а студентите преку работа на реални проекти за реални клиенти ги совладуваат најбараните дигитални вештини. Студентите работеа на Хакатони за проектите:

 

 

  • Посветеноста и трудот секогаш се исплатат!

Ги раскажавме приказните на: Софија Краљевска, Теодора Трајковска, Миле Митев, Лука Плушкоски, Ива Милчова, Симона Симоновска, Мартин Кузмановски, Марта Манеска, Симона Ставреска Саздовска, Виктор Богатиновски, Роко Иванов, Драгана Новоселска, Александар Стојчески, кои по завршувањето на нашата програма за графички дизајн ги исполнија своите кариерни цели. Честитки за сите и продолжете да редите успеси!

 

 

  • Збогатување на инструкторски тим 

Секој од нашите инструктори е експерт во својата област кој со голема љубов и посветеност го предава материјалот на студентите, па со голема чест ви го претставуваме Михајло Тунев, кој ги предава модулите „Историја на дизајн“, „Методологија на дизајн“ и „Постер дизајн“.

 

 

  • Посета на печатница

Со цел да го подобриме искуството на студентите на Академијата за графички дизајн, организиравме посета на печатница. Заедно со инструкторот Небојша Гелевски – Бане и Ана Тодоровска, студентите имаа можност да ја посетат печатницата ПроПоинт и да се запознаат со нејзиниот начин на работа. Дознај повеќе!

 

 

  • Графички дизајн – креативна професија со многу кариерни можности

Графичкиот дизајн е високо-креативно и динамично поле кое бара внимание на деталите и внимателно разгледување на дизајнерските елементи. Без разлика дали станува збор за дизајнирање на лого, веб-страница или маркетинг кампања, дизајните треба секогаш да ја пренесуваат вистинската порака до вистинската публика. 

 

 

Зошто дизајнерите не треба да се плашат од AI?!

Дали креативноста на вештачката интелигенција (AI) може да ја замени човековата креативност? Доколку не успеа да го следиш бесплатното предавање со Небојша Гелевски – Бане, наш инструктор на Академијата за графички дизајн и да го дознаеш одговорот, ти ги пренесуваме одговорите на најчесто поставуваните прашања. Дознај повеќе!

 

Време е за твојата нова кариера, во новата ера на графичкиот дизајн!

Отсега, со Brainster+ зголеми ја твојата предност на пазарот на трудот. Надгради ги твоите вештини преку супериорна програма со сите 9 ФАКТОРИ за вработување, што ги бара индустријата.

Аплицирај на Академијата за графички дизајн и добиј го супериорниот едукативен пакет Brainster+ 

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.