Дали креативноста на вештачката интелигенција (AI) може да ја замени човековата креативност?

Дознај зошто е важно графичките дизајнери да останат во чекор со најновата технологија и да продолжат да ги развиваат своите вештини и експертиза.

Небојша Гелевски – Бане е инструктор на нашата Академија за графички дизајн  со кого имавме предавање на тема „Зошто дизајнерите не треба да се плашат од AI?“ 

Со повеќе од милион дизајнирани и отпечатени страни, креирани брендови на бројни компании, Бане е првиот човек на Кома лаб, една од водечките агенции за графички дизајн и печатење во Македонија, основана во 1993 година.

 

Во продолжение, си поразговаравме со Бане за најважните работи кои ги научивме од предавањето

 

 

1. Како би ја опишал накусо содржината на ова видео?

Низ практични и визуелни примери ќе одговориме на следните прашaња и корелации помеѓу вештачката интелигенција, дизајнот, уметноста и иднината:

  • Како се генерираат слики со помош на AI?
  • Кои се најпознатите AIАRT генератори?
  • Како функционира генерирањето?
  • Како и зошто треба да ја тренираме вештачката интелигенција?
  • Што е ChatGPT и дали може да ни користи и за дизајн?
  • Како изгледа Црешово топче од иднината?
  • Дали вештачката интелигенција може да прави „свои“ интерпретации на Македониумот?
  • Како луѓе од Македонија паметно ја користат вештачката интелигенција во дизајн!?
  • Дали вештачката интелигенција може да ни помогне за инспирација?
  • Кои се етичките и правните дилеми?… итн… итн.

 

 

2. Зошто дизајнерите не треба да се плашат од AI?

Затоа што графичките дизајнери можат и треба паметно да ги искористат благодетите на вештачката интелигенција.

 

 

3. Како AIART им помага на графичките дизајнери?

Може да им помогне на повеќе начини кои подетално ги опишувам во видеото, мене најинтересниот ми е што со генерираните решенија, кај мене отвора нови идеи за мои решенија, значи може да работи како добар надминувач на креативните блокирања.

За некои дизајнерите и уметниците, моделите за генерирање слика со вештачка интелигенција се креативна алатка. Некој ги користи за генерирање референтни слики кои инаку е тешко да се најдат на Интернет. Други посочуваат дека ги користат за моделите за визуелизација на сцените во нивните сценарија и романи. Бранко Прља од Македонија веќе илустрираше две книги со помош на AI.

 

Список на сите линкови кои Бане ги споменува во предавањето.
*AI = Artificial intelligence – ВИ = Вештачка интелигенција
*сите илустрации во оваа блог објава се генерирани од AI

Повеќе идеи погледнете во видеото.

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!