Запознај ја Драгана Новоселска – алумни студент на нашата Академија за графички дизајн, а воедно и личност која постојано сака да учи нешто ново и да ги надградува своите знаења и вештини.

По завршувањето на Академијата, Драгана се вработи како Junior Graphic Designer во компанијата Elektrohub.

 

Си поразговаравме со Драгана за нејзиното кариерно патување

 

 

Здраво Драгана, ние на Академијата за графички дизајн те знаеме, но претстави се на останатите! Кажи ни нешто повеќе за себе! 

Здраво здраво! Јас сум Драгана, имам 23 години и сум дизајнер во душа. Отсекогаш кретивноста е дел од мене и затоа обожавам кога денот ќе ми помине креативно. Сакам да учам нови работи и да се соочувам со нови предизвици! 

 

 

Што влијаеше врз твојот избор да се запишеш на Академијата за графички дизајн? 

Во оваа професија, човек треба секогаш да се надградува со нешто ново за да му се прошири погледот кон дизајнот. Кога дознав за Brainster, без размислување се пријавив и направив уште еден чекор напред. 

 

 

Ти си уште еден студент кој потврдува дека со упорност и посветеност може да се постигне сѐ. Како си помина на Академијата за графички дизајн? Имаше ли предизвици во процесот на учење и совладување на техниките? 

На Академијата си поминав едноставно незаборавно. Секој ден беше предизвик и уживав во тоа благодарение на најдобрите инструктори. Стекнав многу нови знаења, нови искуства и добри пријатели. 

 

 

Кои вештини ти помогнаа полесно да ја совладаш програмата на Академијата за графички дизајн? 

Пред сѐ, мојата креативност, упорност и посветеност, познавањето на програмите и алатките, но и извршувањето на задачите. 

 

 

Почетокот на твојата кариера како графички дизајнер ја започна во Elektrohub. Раскажи ни како изгледа работен ден? 

Во моментов сум вработена во Elektrohub како Junior Graphic Designer. Секој ден работам на нешто ново и учам од моите колеги кои ми помагаат да се вклопам во работата. Мојата работа како графички дизајнер во фирмата се состои од изработка на дизајни и рекламни материјали за нивните 4 веб страници. Исто така, дизајнирам постови за Amazon, Packaging Design и други видови на дизајн.  

 

 

Како дизајнерот гледа на светот и на работите околу него? 

Верувам дека секој што е креативен гледа поинаку на светот и на сите работи околу него. Гледаме кон идеалност, даваме облик на визија или амбиција, си создаваме слика за тоа како би изгледало нештото подобро и пофункционално од тоа што е.

 

 

Каде се гледаш за 5 години во иднина? 

Во следните години би сакала да се развијам и во областа на UX/UI дизајн. Полека, но сигурно го остварувам мојот сон да бидам успешна дизајнерка!  

 

 

За крај, што е она што тебе те охрабри да се запишеш на оваа Академија и да ја промениш својата кариера? Што би ги советувала сите оние кои допрва размислуваат за кариера како графички дизајнери и сакаат да преземат ваков чекор?  

Пред сѐ, ме охрабри желбата за надградување и професионалност. Сите креативци ги советувам да не се двоумат и да си дадат нова шанса и чекор напред во светот на дизајнот со помош на професионалците од Brainster.

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!