Со цел да го подобриме искуството на студентите од групите 19 и 20 кои ја слушаат програмата на Академијата за графички дизајн, организиравме посета на печатница.

Заедно со инструкторите Ана Тодоровска и Небојша Гелевски – Бане, студентите имаа можност да ја посетат печатницата ПроПоинт и да се запознаат со нејзиниот начин на работа, како и да го видат одблизу процесот што го изучуваат.

Од страна на печатницата беше презентиран целиот процес на работа со машините, боите и материјалите со кои располагаат и работат, како и условите кои се потребни за работа.

Во оваа блог објава, си поразговаравме со дел од студентите за нивното искуство при посета на ПроПоинт печатницата.

 

Дознајте повеќе што најмногу им оставило впечаток

 

 

Здраво дечки, ние на Академијата за графички дизајн се познаваме, но што би споделиле со останатите? Што ќе ни кажете за себе и зошто се одлучивте баш за овој тип на дизајн?

Лука: За графички дизајн се одлучив поради тоа што од мали нозе уживав во изразувањето на лист хартија, цртањето ми беше првото хоби. Размислував како да го искористам тоа хоби во денешницата, па се решив за графички дизајн поради својата безграничност во дигиталниот свет.

Анастасија: Како дипломиран графичар, сакав повеќе да научам за модерната графика и модерната уметност. Затоа одлучив тука да се запишам на Академијата за графички дизајн, за да се запознам повеќе со дизајнот како професија.

Марија: Се одлучив за графички дизајн бидејќи е професија која ја поттикнува имагинацијата и овозможува слободно изразување преку кое остваруваме креативен начин на комуникација.

Тамара: Се сметам себеси за креативна личност во било кој аспект од животот, но токму сега дојде моментот тоа да го изразам и затоа запишав Академија за графички дизајн, која засега ми оди одлично.

Љубица: Како дигитален маркетер, отсекогаш сум била фасцинирана од моќта на визуелните комуникации, раскажувањето на приказни и пренесувањето на пораки, со цел да се привлече нечие внимание. Се одлучив за графички дизајн бидејќи сакам да ги надградам своите вештини и сметам дека ќе ми помогне многу во мојата работа.

Андреј: Се одлучив за графички дизајн бидејќи уште од мал, не знаејќи што е тоа графички дизајн, сум уживал во креирањето на дизајни и нивно изработување во слични програми кои сега ги изучуваме на Академијата. 

Бојана: Уште одамна имав желба да стекнам некое ново знаење и искуство поврзано со одредена креативна работа, а која патем ќе ми биде и уживање. Па така, имајќи ги во предвид можностите кои ги дава Академијата за графички дизајн, односно програмата на модулите кои ги изучуваме за периодот од 8 месеци, беше клучно да ја одберам Академијата за графички дизајн.

Марио: Се одлучив за графички дизајн бидејќи се сметам за креативна и амбициозна личност, а преку Академијата за графички дизајн сакам да го тестирам лимитот на истите.

 

 

Раскажете ни нешто повеќе за печатницата и нејзиниот начин на работа?

Лука: Печатницата ја замислував многу помала, фасциниран бев од нејзината големина и одличната функционалност.

Анастасија: Бев изненадена дека печатницата е толку голема. Машините беа доста слични на тие на мојот Факултет за ликовна уметност и графика.

Тамара: Секој си има своја улога и си ја знае работата, интересен е фактот дека ние ги гледаме во нашето секојдневие многу од продуктите, а сега веќе ја знаеме и нивната подготовка од почеток до крај.

Андреј: Искрено, многу е поголема од тоа како ја замислував. Внатре насекаде можевме да видиме, но и да допреме разни дизајни коишто ни даваат инспирација за уште поголем труд.

 

 

Како изгледа еден работен ден во печатница и кои се условите за работа?

Љубица: Работниот ден во печатница може да биде различен во зависност од типот на печатницата, нивото на производство и работата која треба да се изврши. Печатницата Про Поинт е зелена компанија и располага со огромен простор и многу видови на машини кои служат за печатење на: флаери, списанија, визит карти, плакати, менија, дипломи, пакувања и сл.

Бојана: Искрено ова беше моја прва посета на печатница, особено на печатница од ваков тип. Дефинитивно едни од првите импресии е дека работата во Про Поинт е одлично организирана, сите процеси течат непречено, а со оглед дека вработените беа максимално посветени и професионални. Од друга страна, морам да истакнам и дека имаат особено модерни материјали и машини, со кои може да се креириа и изработи секаков вид на дизајн.

 

 

Што ви беше најинтересно од целата посета?

Лука: Најинтересниот дел дефинитивно беше крајот, кога ги разгледавме дел од готовите производи. Тоа беше добар индикатор колку се моќни програмите кои ги изучуваме, а исто така и печатницата која ги печати.

Анастасија: Најинтересниот дел беше да го видиме процесот на печатење. Интересно е да се види целата работата позади крајниот продукт.

Марија: Самата посета на печатница е убаво искуство и многу корисно. Интересно беше да се види процесот на работа и како на различни видови хартија изгледаат дизајните. Исто така, одлично беше тоа што можевме да видиме голем дел од финални продукти како корици, илустрирани книги и многу различни дизајни на пакувања.

Тамара: Печатницата е многу поголем објект од она што замислував. Навистина фасцинира целиот процес внатре и голема благодарност до Бреинстер кој ни овозможи да го видиме истиот. 

Андреј: Целата посета беше едно ново доживување за нас. Но, ете дел којшто мислам дека никогаш нема да го заборавам беше просторијата со сите готови дизајни испечатени досега и тоа некако ти дава надеж дека еден ден со многу труд и ти ќе имаш иста таква просторија.

Бојана: Најинтересно дефинитивно ми беше запознавањето со процесот на работа на машините, видот на материјалите, како и посебните видови на принтови. Она со што исто така за првпат имав можност да се запознаам е и изработката на пакувања, односно нивниот начин на принтање и склопување како финален производ.

 

 

Најважната лекција што ја научивте при оваа посета?

Лука: Сфативме дека печатењето не е толку лесен процес како што го замислувавме и дека треба да сме многу професионални и прецизни во насоките кои ги даваме на печатницата.

Анастасија: Сфативме дека пред да дизајнираме продукт треба да размислиме убаво како технички ќе се изведе тоа. Во традиционалната графика треба многу време и трпение за да се испечати продуктот, но со модерното печатење процесот одвива многу побрзо.

Тамара: Пред да предадеме нешто на финалниот дел, а тоа е печатењето, технички добро да го припремиме дизајнот со цел да избегнеме несакани грешки. 

Андреј: Кога креираме некој дизајн треба секогаш да размислуваме и на процесот на печатење, за да не дојде потоа до несакани проблеми.

Бојана: Да се обрне особено внимание при предавање на дизајнот на печатење, но и на печатницата со која ќе соработуваме, а со оглед дека е многу важен елемент кога се работи за реализација на нашиот дизјан. 



Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!