Запознај ја Симона Симоновска – алумни студент на Академијата за графички дизајн, а воедно и Dream Team студент, која реши да направи комплетна кариерна трансформација, од програмирање во графички дизајн.

По завршување на Академијата, Симона започна да работи како графички дизајнер во маркетинг агенцијата Публицис, каде ќе продолжи да ги надградува своите знаења и вештини од областа на графичкиот дизајн.

 

Си поразговаравме со Симона за нејзиното кариерно патувањe

 

 

 

Здраво Симона, ние на Академијата за графички дизајн те знаеме, но претстави се на останатите! Кажи ни нешто повеќе за себе!

Здраво, здраво! Јас сум Симона и имам 24 години. До неодамна програмер, а сега, радосно можам да кажам, графички дизајнер. Сакам да креирам и да создавам нешта, по природа сум љубопитна и позитивна, а тишината додека дизајнирам сакам да ја пополнам со музика или добар поткаст. Во слободно време ги тестирам моите цртачки вештини, а кога не сум зафатена со креирање, најчесто гледам филмови и читам книги, и на врвот на мојата листа фантазии ги ставам Pixar, Harry Potter и Marvel.

 

 

Што влијаеше врз твојот избор да се запишеш на Академијата за графички дизајн?

Од мали нозе имав желба да се занимавам со нешто каде што ќе можам визуелно да се изразам. Иако животниот пат ме однесе во светот на технологијата и програмирањето, знаев дека тоа не е професијата што ме исполнува. Моите почетоци во учење дизајн беа YouTube туторијали и листање Behance проекти, но посакував да добијам поформално образование и директен фидбек од инструктори дизајнери кои имаат долгогодишно искуство, а во Brainster имав доверба дека ќе ги ми ги отвори вратите за работа во дизајн сферата.

 

 

Ти си уште еден студент кој потврдува дека со упорност и посветеност може да се постигне сѐ. Како си помина на Академијата за графички дизајн? Имаше ли предизвици во процесот на учење и совладување на техниките?

Возбуда се чувствуваше од првиот, па сѐ до последниот ден. На секој час го надградував моето знаење за неколку проценти, а часовите поминуваа брзо затоа што беа интересни. Можам да кажам дека на почеток имав страв дали ќе успеам да постигнам да учам и да работам во исто време, но со текот на Академијата забележав дека не ми е проблем да останам доцна навечер или да станам рано наутро за да завршам домашна или проект затоа што се задлабочував во процесот и не ги гледав задачите како изморувачки обврски, туку како интересни предизвици.

 

 

Кои вештини ти помогнаа полесно да ја совладаш програмата на Академијата за графички дизајн?

Вежби, вежби и вежби! Гледањето туторијали за дизајн или проекти на други дизајнери секако помага, но додека не се обидеш сам да создадеш нешто и да направиш 10тина верзии од истото, потешко ќе можеш да ги совладаш дизајн принципите и програмите. Исто така, многу се учи и од фидбекот на инструкторите затоа што учиш од твоите грешки и знаеш каде треба да се поправиш и надградиш, а за тоа важно беше навременото правење на домашните и почитување на роковите.

 

 

Почетокот на твојата кариера како графички дизајнер ја започна во маркетинг агенцијата Публицис. Раскажи ни како изгледа еден работен ден?

Денот почнува бавно, но кога ќе пристигнат сите атмосферата станува енергична и се работи со полна пареа. Колегите се супер и задоволство ми е што сум опкружена со добри дизајнери и имам можност да работам на врвни брендови. 

 

 

Како дизајнерот гледа на светот и на работите околу него?

Поради професионална деформација, еден дизајнер секаде забележува типографии, бои, форми, дизајн принципи и им се восхитува или наоѓа грешки. Но, навистина, еден дизајнер светот го гледа како поле каде што се комуницира визуелно и знае дека добар дизајн, кој не само што треба да е привлечен, туку треба да е и функационален, може да направи значајни промени. 

 

 

Каде се гледаш за 5 години во иднина?

5 години можат да бидат краток или долг период, но ако треба да си ја предвидам иднината, посакувам да останам во оваа креативна индустрија со многу успешни проекти позади мене, а можеби и свое дизајн студио.

 

 

За крај, што е она што тебе те охрабри да се запишеш на оваа Академија и да ја промениш својата кариера? Што би ги советувала сите оние кои допрва размислуваат за кариера како графички дизајнери и сакаат да преземат ваков чекор? 

Желбата за кариерна промена и работата која ќе ме исполнува, ми беа водилките за да направам чекор напред и се запишам на Академија, а докажаноста на Brainster во светот на едукацијата е причина зошто ја одбрав токму нивната Академија за графички дизајн. 

За сите што размислуваат и се премислуваат дали да почнат ваква кариера, јас би рекла да не чекаат и мојот совет до нив е да не се плашат да експериментираат и да ризикуваат со нивните дизајни и секогаш да бараат повратна информација и конструктивна критика за да ги подобрат нивните вештини.

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.