Со цел да го подобриме искуството на студентите од Академијата за графички дизајн и Академијата за дигитален маркетинг, организиравме една креативна и интересна Cross-Academy соработка.

Проектот на којшто се работеше овој Хакатон беше маркетинг стратегија и креирање објави за социјални медиуми за клиентот April22.

Ментори на овој Хакатон, за студентите од Академијата за дигитален маркетинг беа инструкторите Марко Ивановски и Вилијам Додевски. Додека за студентите од Академијата за графички дизајн, на располагање беа инструкторите Александар Нофитоски и Александар Поповски.

Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она на Тим 1, составен од членовите: Андријана Ангеловска, Петар Стојаноски, Елена Димовска, Кристијан Тосев и Мартина Мајсторовиќ.

 

Во продолжение си поразговаравме со победничкиот тим за нивното предлог решение и искуството на овој Хакатон

 

 

Здраво тим! Вие сте едни од студентите кои покажаа одлични перформанси и кои изработија многу интересни и креативни проекти. Најпрво, споделете ни нешто за себе.

Елена: Здраво, јас сум Елена и имам 22 години. За себе можам да кажам дека сум позитивна и љубопитна личност, како и авантурист, секогаш подготвена за нови предизвици. 

Петар: Здраво, јас сум Петар и имам 23 години. За себе можам да кажам дека сум ентузијаст и позитивна личност, која е во потрага по нови знаења и успеси во графичкиот дизајн.

Кристијан: Здраво, јас сум Кристијан, 20-годишен дигитален маркетер посветен на решавање предизвици преку иновативни решенија за ефективно постигнување на маркетинг целите.

Мартина: Хелоу, хелоу, јас сум Мартина, долгогодишен заљубеник во пишаниот збор и тајните на човечката психологија, и неодамна открив дека маркетингот е всушност фузија на сите мои интереси. 

Андријана: Здраво јас сум Андријана, имам 27 години и сум голем љубител на дизајнот, сакам големи предизвици и добра тимска атмосфера.

 

Бевте дел од едно незаборавно искуство каде што имавте задача во рок од 48 часа да испорачате предлог решение за Аpril22. Раскажете ни повеќе за овој проект.

Мартина: Не знаете колку можат да бидат долги 48 часа ако не сте учествувале на Хакатон! Имавме задоволство да работиме на кампања за супер-кул и иновативен бренд, Аpril22, кои ни дадоа целосна слобода да ја ослободиме нашата креативна и (помалку бунтовна) страна. Со тимот работевме на персонификација на карактерот на брендот. Откако го погодивме тоа – сѐ друго си „одеше“ само.

 

 

Која беше идејата зад тој проект и целта што требаше да се постигне?

Петар: Идејата ни беше да направиме дизајн којшто ќе биде едноставен и препознатлив, внимавајќи на брифот од клиентот. Целта ни беше да создадеме нешто наше и препознатливо, па решивме да направиме наши лични фотографии на кои ќе додадеме минимален текст и преку кои ќе ги преставиме производите на уникатен начин.

 

Како се одвиваше целата соработка и кои беа барањата од страна на клиентот?

Елена: Нашата задача беше да направиме стратегија за социјалните медиуми и ново решение за ребрендирање на компанијата, за пазарот на ЕУ и Скандинавија. Бев многу возбудена што ќе работам на овој проект бидејќи самите клиенти беа навистина уникантни и со самото тоа за нас ова беше еден вистински предизвик во кој супер се снајдовме и супер соработувавме.

 

Од каде ја црпевте инспирацијата?

Кристијан: Со оглед на тоа дека работевме за бренд кој се бори за подобрување на животната средина, инспирацијата ја црпевме од природата и реалните ситуации околу нас, што ни помогна да најдеме решение за секој проблем на којшто наидовме.

 

 

Како успеавте да се соочите со предизвиците, притисокот од рокови, а притоа да креирате едно вакво интересно решение?

Андријана: Нашата група, пред сѐ, беше одлично организирана, идеите кои ни доаѓаа заедно ги избиравме, имавме супер тимска комуникација и сметам дека тоа беше клучно за нашиот резултат. Притисокот од рокови кај сите беше присутен, но сложно и тимски соработуваме и успеавме навреме и успешно да го завршиме проектот.

 

Што научивте од оваа соработка?

Маркетинг тим: Научивме дека тимската работа и колегијалноста се клучни за успешна реализација на проектите. Го засиливме нашето ниво на комуникација помеѓу колегите со што најдовме заеднички јазик и успешно го завршивме овој проект.

 

За крај, како работата на реални проекти влијае врз вашите знаења и вештини?

Дизајн тим: Работата на реални проекти е од големо значење за нас бидејќи така се припремаме за сите предизвици што нѐ чекаат во иднина, и преку проектите ги совладуваме презентациските вештини бидејќи тие се од големо значење за оваа професија.

 

На Академијата за дигитален маркетинг и Академијата за графички дизајн постојано работиме на реални проекти за реални клиенти.

Доколку сакаш да станеш дел од успешните приказни на нашите студенти и да ги надградиш своите знаења и вештини, закажи информативен разговор со нашиот тим.

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

10 Компании. 100 Студенти. 1000€ Ваучер.