Запознај го Мартин Кузмановски – алумни студент од Академијата за графички дизајн кој се реши да направи комплетна кариерна трансформација и да научи повеќе за графичкиот дизајн.

По неговото комплетирање на програмата, Мартин ја започна својата кариера како графички дизајнер во компанијата Box Mediа, каде ќе продолжи да ги надградува своите знаења и вештини.

 

Си поразговаравме со Мартин за неговото кариерно патување

 

 

Здраво Мартин, ние на Академијата за графички дизајн те знаеме, но претстави се на останатите! Кажи ни нешто повеќе за себе!

Здраво! Пред сѐ, да ви се заблагодарам за честитките. Јас сум Мартин, графички дизајнер и Е-бизнис студент. Љубител сум на повеќе спортови, а секојдневните тренинзи се дел од мојата агенда. Обожавам да се опуштам со добра музика, а слободното време го поминувам во читање книги.

 

Што влијаеше врз твојот избор да се запишеш на Академијата за графички дизајн?

Уште како мал ме интересираа visual arts, а најинтересни ми беа фото-манипулациите. Со текот на годините, таа желба стануваше сѐ понагласена, љубопитноста за графичкиот дизајн од ден на ден повеќе растеше. Кога дознав за Академијата знаев дека тоа е вистинскиот избор за мене и навистина не погрешив.

 

 

Ти си уште еден студент кој потврдува дека со упорност и посветеност може да се постигне сѐ. Како си помина на Академијата за графички дизајн? Имаше ли предизвици во процесот на учење и совладување на техниките?

Академијата за графички дизајн е прекрасно искуство. Предавањата се одлично организирани. Секое предавање е вистинско уживање затоа што навистина има што да се научи од врвни професионалци докажани во својата област. Она што сакам да го истакнам и секако е за пофалба е виртуелното дружење кое на секој час претставуваше нов предизвик.

 

Кои вештини ти помогнаа полесно да ја совладаш програмата на Академијата за графички дизајн?

Амбициозноста, одговорноста, самокритичноста, самосвесноста, посветеноста и желбата за успех во светот на графичкиот дизајн.

 

 

Почетокот на твојата кариера како графички дизајнер ја започна во Box Media. Раскажи ни како изгледа работен ден?

Денот ми започнува со добра музика и добро кафенце. После утринскиот briefing и разгледување на дневните задачи се насочувам кон остварување на целите. Со оглед на тоа дека компанијата е партнер со странски компании, често имаме координативни состаноци online, и правиме стратегија за задоволување на нивните потреби и барања.

 

Како дизајнерот гледа на светот и на работите околу него?

За разлика од другите, ние дизајнерите имаме перфекционистички погледи,  јас лично се стремам кон совршенство, важни ми се ситниците и секогаш внимавам на деталите. Искрено, прецизноста умее да ти одземе дел од енергијата, но на крајот на денот задоволството е големо.

 

 

Каде се гледаш за 5 години во иднина?

Како успешен freelance графички и UI дизајнер кој зад себе има големи проекти.

 

За крај, што е она што тебе те охрабри да се запишеш на оваа Академија и да ја промениш својата кариера? Што би ги советувал сите оние кои допрва размислуваат за кариера како графички дизајнери и сакаат да преземат ваков чекор? 

Како што веќе ви кажав и погоре, желбата и љубопитноста беа она што ме охрабрија да се запишам на оваа Академија. Сега знам дека го направив вистинскиот избор и ако повторно треба да одберам, пак би ја одбрал истата. На оние, кои допрва размислуваат, за кариера како графички дизајнери и сакаат да преземат ваков чекор би ги советувал воопшто да не размислуваат. Ако сте личност со критичко размислување, имате eye for detail и сакате работа каде што секој ден ќе правите нешто ново, тогаш Академијата за графички дизајн е вистинскиот избор за вас. 

 

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!