Конечно го работам тоа што ме исполнува

Запознај го Виктор Богатиновски – алумни студент од Академијaта за графички дизајн кој се реши да направи комплетна кариерна трансформација.
По неговото завршување на Академијата, тој започна да работи како графички дизајнер и видео едитор во HandsDan, каде ќе продолжи да ги надградува своите знаења и вештини.
Си поразговаравме со Виктор за неговото кариерно патување
Здраво Виктор, ние на Академијата за графички дизајн те знаеме, но претстави се на останатите! Кажи ни нешто повеќе за себе!
Здраво на сите, моето име е Виктор и јас сум студент на Академијата за графички дизајн. За оние кои не ме познаваат, да ви кажам малку повеќе за себе.
Пред да одлучам да се запишам на оваа Академија, работев како готвач. Сепак, пред шест години го открив Photoshop и почнав да правам банери, логоа и слични работи. Брзо се заинтересирав за графички дизајн и почнав да го истражувам и Adobe Illustrator. Создавав многу фиктивни брендови и се обидував да го разберам процесот на создавање визуелни идентитети.
Имав многу информации кои ми се вртеа во главата и сето тоа изгледаше малку измешано. Тогаш решив да се запишам на Академијата за графички дизајн, којашто ми помогна да го разберам процесот на креирање и примена на различни графички елементи. Запознав нови колеги, одлични инструктори и научив многу корисни техники. Имаше предизвици во текот на процесот на учење, но со упорност и посветеност успеав да ги совладам сите техники кои ми беа потребни за успешно извршување на мојата работа како графички дизајнер.
Што влијаеше врз твојот избор да се запишеш на Академијата за графички дизајн?
Имам голема страст кон дизајнот уште од моите тинејџерски денови и почнав сам да учам и работам. Мислев дека ако сум самоук би можел да функционирам без помош од стручно лице, морам да признаам дека не ми одеше воопшто лошо, но сепак многу од работите ми беа измешани во глава и ја немав потребната насока. Сфатив дека би можел значително да ги подобрам моите вештини и знаења доколку се запишам на Академијата.
Исто така, сакав да добијам формално образование и академска диплома што може да ми помогне во мојата кариера во иднина. Затоа решив да се запишам на Академијата за да го подобрам своето знаење и да станам експерт во областа на графичкиот дизајн.
Ти си уште еден студент кој потврдува дека со упорност и посветеност може да се постигне сѐ. Како си помина на Академијата за графички дизајн? Имаше ли предизвици во процесот на учење и совладување на техниките?
Пред сѐ, ви благодарам на честитките. Можам да кажам дека си поминав многу добро и беше многу возбудливо. Сигурно имаше предизвици во процесот на учење и совладување на техниките, но успеав да ги надминам благодарение на одличните предавања и инструкции. Запознав нови колеги и научив многу од нив. Дефинитивно би им препорачал на сите да размислат за запишување на оваа Академија бидејќи можете да научите многу и да ги развиете потребните вештини.
Кои вештини ти помогнаа полесно да ја совладаш програмата на Академијата за графички дизајн?
- Активност за време на предавањата;
- Внимателно следење на предавањата;
- Прашања за сѐ што не ми е јасно;
- Изработка на домашни задачи;
- Секојдневно дизајнирање;
- Работење на реални проекти;
- Пријавување за работа на Хакатон.
Раскажи ни го твоето кариерно патување!
Почетокот на мојата кариера како графички дизајнер започна официјално пред 5 години како едитор на thumbnails за еден youtube канал кој за жал денес не постои. Потоа, почнав да работам на различни проекти кои ги добивав од луѓе што се занимаваат со угостителство, им правев постови за социјални медиуми, флаери, визит карти итн.
Сега моментално сум вработен Full Time како графички дизајнер и видео едитор во HandsDan, за човек кој се занимава со фитнес тренинзи. Еден мој работен ден за HandsDan изгледа возбудливо, бидејќи конечно го работам тоа што ме исполнува.
Како дизајнерот гледа на светот и на работите околу него?
Конкретно, за мене како графички дизајнер целта ми е да создавам решенија кои ќе имаат позитивно влијание врз животот на луѓето и општеството во целина, сѐ што гледам околу мене ми е инспирација за да создадам нови визуелни решенија.
Каде се гледаш за 5 години во иднина?
Во иднина, во светот на графичкиот дизајн, се гледам себеси како понапреден и искусен специјалист, кој работи на посложени проекти и соработува со поширок опсег на клиенти. Се надевам дека ќе развијам свој стил и препознатливост во индустријата со текот на времето, што ќе ми помогне да ја изградам мојата кариера. Исто така, се надевам дека ќе имам можност да работам со некои од најдобрите експерти во индустријата, како и со ментори кои ќе ми помогнат во мојот понатамошен развој. На крајот, се надевам дека ќе можам да дадам вреден придонес во индустријата и да помогнам да се создадат визуелни решенија кои ќе имаат позитивно влијание врз пошироката заедница.
Mотивациона порака за сите почетници?
Никогаш да не се откажувате од тоа што го сакате, бидете трпеливи и давајте сѐ од себе, бидејќи еден ден тоа многу ќе ви се исплати!
За крај, што е она што тебе те охрабри да се запишеш на оваа Академија и да ја промениш својата кариера? Што би ги советувал сите оние кои допрва размислуваат за кариера како графички дизајнери и сакаат да преземат ваков чекор?
Бев охрабрен да се запишам на оваа Академија и да ја променам кариерата бидејќи долго време бев заинтересиран за графички дизајн, но немав формална обука во оваа област. Со мoјата претходна работа како готвач сфатив дека тоа не е она што сакам да го работам во иднина, а од друга страна, графичкиот дизајн ми стана сѐ поинтересен и сакав да научам повеќе за тоа. Запознавањето со алатките како Photoshop и Illustrator и експериментирањето со создавање банери, логоа и брендови за YouTube ме поттикна да научам повеќе.
Би ги советувал сите оние кои размислуваат за кариера во графички дизајн да проучуваат што е можно повеќе книги, видеа и бесплатни курсеви за да ги научат основите на дизајнот и алатките што се користат во индустријата. Исто така, би ги охрабрил да се обидат во креирањето на сопствени проекти и да учат од други дизајнери. Доколку имаат можност, би им препорачал да се запишат на формална обука за графички дизајн за да имаат структуриран пристап кон учењето и да се стекнат со потребните знаења и вештини за успешна кариера во оваа област.
Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!