Запознај го Александар Стојчески – алумни студент од Академијата за графички дизајн кој направи кариерна трансформација и се вработи како графички дизајнер.

Неговото ново работно место каде ќе продолжи да ги надградува своите знаења и вештини е Sportmaster – иновативна програма за спорт и релаксација.

 

Си поразговаравме со Александар за неговото кариерно патување

 

 

Здраво Александар, ние на Академијата за графички дизајн те знаеме, но претстави се на останатите! Кажи ни нешто повеќе за себе!

Јас сум Александар Стојчески имам 27 години и доаѓам од Крушево, живеам и работам во Скопје како графички дизајнер 2 години. Слободното време го поминувам со добро друштво и музика, почитувам добра партија одбојка, а и добар филм не е на одмет. 🙂  

 

 

Што влијаеше врз твојот избор да се запишеш на Академијата за графички дизајн?

Изучување на сите области на дизајнот, стекнувањето на софтверски вештини, работата со реални клиенти, хакатони… Во суштина, богатата програма и професорите кои во моментот сметав дека правилно ќе ме насочат во графичкиот дизајн. И не згрешив.

 

 

Ти си уште еден студент кој потврдува дека со упорност и посветеност може да се постигне сѐ. Како си помина на Академијата за графички дизајн? Имаше ли предизвици во процесот на учење и совладување на техниките?

Академијата нуди одлични услови за совладување на препреките со кои првпат се соочував во дизајнот. Јас лично, секогаш гледам предизвик во совладување на нови техники и методи бидејќи графичкиот дизајн е жива материја која постојано се менува, и верувам дека за еден дизајнер да биде успешен треба да се движи исто како неа.

 

 

Раскажи ни повеќе за твоето работно место, како изгледа еден работен ден?

Вработен сум како графички дизајнер во Спортмастер, иновативна премиум програма за спорт и рекреација. Денот секогаш започнува со кафе и муабет, додека текот на денот е различен по тежината на предизвиците, но секогаш интересен. Постојано учам нови работи и се надградувам како дизајнер благодарение на моите колеги.  

 

 

Како дизајнерот гледа на светот и на работите околу него?

Во бои! 😎 

 

Каде се гледаш за 5 години во иднина?

Се гледам побогат со знаење, побогат со креативност, а за сега сум фокусиран само на тоа што го работам.

 

 

За крај, што е она што тебе те охрабри да се запишеш на оваа Академија и да ја промениш својата кариера? Што би ги советувал сите оние кои допрва размислуваат за кариера како графички дизајнери и сакаат да преземат ваков чекор? 

Мене ме охрабри тоа што успеав да видам нова иднина за мене, долго време размислував што понатаму, потребна ми беше кариерна промена во која ќе бидам вистинскиот јас. Доколку си креативен, размислуваш out of the box и уживаш во динамика, тогаш Академијата за Графички дизајн е правиот избор за тебе. Среќно! 🙂 

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!