Академија за графички дизајн – Завршен проект: Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски” 

Десет месеци исполнети со максимална посветеност, многу задачи, предавања, реални проекти и вежби поминаа многу брзо за студентите од Академијата за графички дизајн.

Со цел да ја комплетираат програмата, студентите од Академијата за графички дизајн имаа задача да ги изработат своите завршни проекти и да изградат лого и бренд идентитет за реален клиент.

Под менторство на нашите инструктори Дијана ДимитриевскаАлександар Нофитоски и Александар Поповски, тие со максимална посветеност и многу труд, работеа на реален проект за клиентот Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски”.

Во оваа блог објава, си поразговаравме со Марија Стојановска од група 20 на Академијата за графички дизајн чие решение го зема победничкото место по презентацијата пред клиентот. 

Дополнително, Марија има победено и на проектот Лого и бренд идентитeт за Извор.

 

Во продолжение си поразговаравме со Марија за нејзиното искуство

 

 

Здраво Марија! Ти си една од најактивните студенти на Академијата за графички дизајн и те запознавме минатиот пат како победник на проектот Извор. Како се чувствуваш сега после завршниот проект?

Здраво! Завршниот проект беше одлична можност да ги примениме сите вештини и знаења со кои се стекнавме на Акaдемијата. Мило ми е што бев дел од овој проект и што успешно се справив со предизвиците.

 

Раскажи ни нешто повеќе за завршниот проект. Што е идејата зад овој проект и кој беше процесот за да се стигне до крајниот резултат?

Идејата на овој проект беше да се создаде лого и бренд идентитет кој ќе биде едноставен и лесно претпознатлив. Како дел од Градска Општа Болница – Моша Пијаде (во текот на 90тите), болницата сѐ уште е позната како Градска Болница и со тоа се перцепира како Општа Болница. Па така, за да стигнам до крајниот резултат, тргнав од барање решение за главната проблематика, препознавање на болницата според нејзината примарна дејност – оперативен третман на болести. 

 

Кои беа барањата од страна на клиентот?

Целта беше да се конкретизира брендот преку лесно претпознатлив и едноставен дизајн. За сѐ друго ни беше дадена флексибилност и слобода да се изразиме.

 

 

Од каде ја црпеше инспирацијата?

Ме инспирираа минималистички и чисти дизајни кои раскажуваат цели приказни преку едноставност и елеганција. Сметам дека минимализмот е моќна алатка во дизајнот за ефикасно да се пренесат длабоки и моќни пораки.

 

Што беше потребно за успешно завршување на овој проект и колку време ти требаше да дојдеш до финалното решение?

Процесот на работа опфати неколку фази како истражување, анализа и испробување на идеи. Потоа следеше прочистување на дизајнот, избор на боја и типографија. Ми беа потребни околу 2 недели за да стигнам до финалното решение.

 

И за крај, како си помина на Академијата, што можеш да ни раскажеш?

Академијата беше одлично искуство кое не поттикна да размислуваме надвор од рамка, да истражуваме, да експериментираме со идеи и да ги поместуваме границите на нашата креативност. Благодарна сум на инструкторите кои посветено работеа заедно со нас и ни помогнаа да научиме како да се справуваме со предизвиците.



Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

 

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА