Запознај го Лука Плушкоски – креативна и амбициозна личност, кој по завршувањето на средното училиште реши да го продолжи своето образование во Brainster на Академијата за графички дизајн.

Веднаш по комплетирањето на програмата, тој започна да работи на практикантска позиција во компанијата RetoLinks.

Дополнително, неговата посветеност и креативност, резултираа со кариерен напредок како Motion Designer – 2D Animator, по завршување на праксата.

 

Си поразговаравме со Лука за неговото кариерно патувањe

 

 

Здраво Лука, ние на Академијата за графички дизајн те знаеме, но претстави се на останатите! Кажи ни нешто повеќе за себе!

Јас сум Лука Плушкоски, доаѓам од Струга и имам 19 години. За себе како најважна карактеристика можам да одвојам дека сум флексибилна личност и брзо се адаптирам на промените. Креативноста ми е јака страна, а инспирацијата ја црпам од светот наоколу.

 

 

Што влијаеше врз твојот избор да се запишеш на Академијата за графички дизајн?

Интернетот ни отвори милион можности, а графичкиот дизајн е една од покреативните понуди во денешниот дигитален свет. Креативното размислување и креативните решенија се секогаш добредојдени и прифатени од интернетот, клиентите се постојано на интернет и социјалните мрежи.

 

 

Ти си уште еден студент кој потврдува дека со упорност и посветеност може да се постигне сѐ. Како си помина на Академијата за графички дизајн? Имаше ли предизвици во процесот на учење и совладување на техниките?

Реално, Академијата беше одлична, а предизвиците беа огромни, но упорноста победи со цел да вложам максимален труд во себе. Конкретно да зборуваме за предизвици, најголем предизвик беше првото отварање на апликацијата After Effects, целиот интерфејс и функционалност на истата, но кога имаш одличен ментор – Александар Поповски, и секако неуморно работиш на подобрување, sky’s the limit.

 

 

Кои вештини ти помогнаа полесно да ја совладаш програмата на Академијата за графички дизајн?

Можам да кажам дека социјалните мрежи беа и сѐ уште се голем фактор во моето напредување во оваа сфера. Платформите како Instagram, Behance и Youtube се преполни со инспирација, креативни идеи и мини туторијали кои често ги користам во секојдневната работа.

 

 

Почетокот на твојата кариера како Motion Designer ја започна во RetoLinks Раскажи ни како изгледа работен ден?

Почетокот на мојата кариера во светот на графичкиот дизајн ја започнав на практикантска позиција, веднаш по завршувањето на Академијата за графички дизајн. По еден месец, сега работам како Motion designer – 2d Animator во компанијата RetoLinks. Работниот ден го започнувам во 7 часот наутро, а моментално работиме на реклами за јапонска клиентела и секојдневно ги користам алатките Adobe After Effects и Adobe Photoshop.

 

 

Како дизајнерот гледа на светот и на работите околу него?

Јас како junior дизајнер на светот и работите околу мене, секогаш гледам како инспирација за мој иден проект. Подетално, често гледам на трендови и секојдневни интересни настани кои можам да ги претворам во креативно решение со кое доста луѓе ќе можат да се поврзат.

 

 

Каде се гледаш за 5 години во иднина?

За 5 години во иднина, се гледам како сериозен motion designer и digital artist со огромно Behance портфолио.

За крај, што е она што тебе те охрабри да се запишеш на оваа Академија и да ја промениш својата кариера? Што би ги советувал сите оние кои допрва размислуваат за кариера како графички дизајнери и сакаат да преземат ваков чекор? 

Сите оние кои размислуваат за нова кариера, дефинитивно го препорачувам графичкиот дизајн, се доколку се спремни да работат на себе и никогаш да не престанат да вложуваат во своите вештини. Графичкиот дизајн е сфера која постојано еволуира, секогаш доброто решение ќе биде топло прифатено од сите.

Добар совет за идни дизајнери, една од најважните работи во оваа сфера е дека сите имаме различен вкус, не секој дизајн му се допаѓа на секого, овој совет најмногу ќе ви потреба на почетокот кога ќе седнете да го работите првиот реален проект кај реален клиент. За тие реални клиенти, на почеток ќе се погрижи Brainster!

 

Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!