Со цел да ја комплетираат програмата на Академијата за графички дизајн, студентите од група 21 имаа предизвик да ги применат сите знаења и вештини кои ги научија последниве 10 месеци.

Нивната задача беше да ги изработат своите завршни проекти и да изградат лого и бренд идентитет за реален клиент.

Под менторство на нашите инструктори Дијана Димитриевска, Александар Нофитоски и Александар Поповски, тие со максимална посветеност и многу труд, работеа на проект за клиентот Eco Food Concept.

Во оваа блог објава, си поразговаравме со Катерина Николова од група 21 на Академијата за графички дизајн чие решение го зема победничкото место по презентацијата пред клиентот. 

 

Во продолжение, таа ни раскажа за нејзиното искуство

 

 

Здраво Катерина! Ние на Академијата за графички дизајн те познаваме, но што би споделила за останатите. Која е Катерина?

Здраво. Јас сум Катерина, студент на Академијата за графички дизајн на Brainster. Би се опишала како креативна, позитивна и комуникативна личност. Со стремеж кон раст и развој во секое поле. Отсекогаш ме привлекувала естетиката во секое нешто. Сметам дека графичкиот дизајн има способност да комуницира со луѓето, да ги поттикне чувствата и да ги воведе во различни светови.

 

Како се чувствуваш сега после завршниот проект?

По завршувањето на завршниот проект, се чувствувам одлично и исполнето. Проектот беше предизвик, но и вистинска прилика да ги прикажам своите вештини и креативни можности. Сакам нови искуства и предизвици, сметам дека ми го збогатуваат размислувањето и перспективата.

 

 

Раскажи ни нешто повеќе за завршниот проект. Што е идејата зад овој проект и кој беше процесот за да се стигне до крајниот резултат?

Идејата беше визуелно да се долови мисијата и целта на брендот, каде јасно ќе бидат истакнати квалитетот и иновативноста на овој продукт. Процесот се одвиваше во неколку чекори, најпрво направив истражување за мисијата и вредностите на брендот, како и целната публика и конкуренцијата. Потоа, следуваше креативната експлозија, каде сите мои идеи беа скицирани, па од целиот спектар на различни идеи се фокусирав на создавање чисто и незаборавно лого.

 

Кои беа барањата од страна на клиентот?

Барањата на клиентот беа јасни и прецизни. Клиентот бараше лого кое ќе го издвои, лого кое ќе раскажува за приказната позади идејата.

 

 

Од каде ја црпеше инспирацијата?

Со оглед на тоа брендот колку е автентичен и иновативен, инспирацијата не беше никаков проблем. Ја црпав од природата, од еколошките вредности и врската помеѓу миленичињата и природата.

 

Што беше потребно за успешно завршување на овој проект и колку време ти требаше да дојдеш до финалното решение?

Беше потребно да се соживеам со пасијата на брендот, барање инспирација од природата и внимавање на деталите. Додека да стигнам до финалниот дизајн ми беше потребно нешто повеќе од две недели.

 

 

И за крај, како си помина на Академијата, што можеш да ни раскажеш?

На Академијата си поминав неверојатно. Прво и најважно, искуството беше одлично и инспиративно. Менторите беа потполно посветени, чест и задоволство ми е што имав можност да учам од едни од најдобрите во нивната област.

Работењето на реални проекти ми даде вистинска прилика да ги применам и усовршам своите вештини. Најголемиот момент беше победата на завршниот проект, што беше признание на мојата преданост и иновативни способности. Овие искуства ме подготвија за кариера полна со предизвици и можности. 

За крај, Академијата за мене беше отскочна даска. Времето поминато беше фантастично и несомнено би ја препорачала на секој.

 

Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!