Учиме графички дизајн преку работа на реални проекти!

Студентите од Академијата за графички дизајн имаа предизвик да работат на реален проект за реален клиент на модулот „Постер Дизајн“.

Тие работеа под менторство на инструкторот Иван Татарчев Дургутовски, и имаа задача да направат постер дизајн решенија и од различна перспектива да ја раскажат приказната на МКЦ.

Дополнително, на 18 мај, во Младински Културен Центар се одржа отворањето на изложбата на студентите на нашата Академија за графички дизајн, каде посетителите имаа можност да гласаат за најдоброто постер решение.

Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но дизајнот со најмногу гласови и победничко решение беше токму она на Елена Димовска.

 

Во продолжение си поразговаравме со Елена за нејзиното победничко решение

 

 

Здраво Елена! Ти си дел од студентите кои покажаа одлични перформанси и кои изработија многу интересни и креативни проекти. Најпрво, сподели ни нешто за себе!

Здраво. Јас сум Елена и имам 22 години. Студент сум на Академијата за графички дизајн. За себе можам да кажам дека сум позитивна, креативна, дружељубива, љубопитна и секогаш подготвена за нови предизвици. Во слободно време сакам да сликам, да планинарам и да цртам додека слушам музика.

 

Беше дел од едно незаборавно искуство каде што имаше задача да испорачаш едно креативно решение за клиентот МКЦ. Раскажи ни повеќе за овој проект.

Пред сè, да кажам дека ми беше големо задоволство да работам за клиенти како што се МКЦ. Ние студентите од Aкадемијата за графички дизајн имавме за задача да изработиме постер за МКЦ преку кој ќе испратиме некоја порака или покана до младите генерации, дека секогаш се добредојдени за дружба и забава, како и визуелно да ги привлечеме.

 

Која беше идејата зад проектот и целта што требаше да се постигне?

Идејата за овој постер ми беше да нацртам илустрација од млади луѓе кои се забавуваат пред МКЦ со цел да ја доловам дружбата, еднаквоста, прифатеноста на различните стилови и генерации.

 

 

Како се одвиваше целата соработка и кои беа барањата од страна на клиентот? 

Сметам дека беше одлично тоа што ни дозволија да си го отвориме умот и да размислуваме надвор од кутијата и да покажеме сè што знаеме од нашата креативна страна. Имавме потполна слобода од страна на клиентот со што беше и доста предизвикувачки процес за нас, но интересен.

 

Како успеа да се соочиш со предизвиците, притисокот од рокови, а притоа да креираш едно вакво интересно решение? 

Со добра организација и менаџирање на времето, може сè да се стигне во определениот рок.

 

За крај, како работата на реални проекти влијае врз вашите знаења и вештини? 

Работата на реални проекти е од големо значење за нас бидејќи така се подготвуваме за сите предизвици што нè чекаат во иднина, исто така преку реалните проекти научив дека не е важно само да креираш решение и да го предадеш на клиентот, туку преку презентација правилно да го објасниме процесот како сме дошле до нашето дизајнерско решение и да го доближиме до клиентот.

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!