Дел од програмата на Академијата за графички дизајн е постојано работење на реални проекти за реални клиенти, преку кои студентите ги стекнуваат потребните вештини за почеток на нивната кариера во светот на графичкиот дизајн.

Најновиот предизвик со кој тие се соочија беше креирање на визуелниот идентитет за клиентот Marinov Design.

Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она на Харита Су.

 

Во продолжение си поразговаравме со Харита од Академијата за графички дизајн за искуството на овој реален проект

 

 

Здраво Харита! Ти си дел од студентите кои покажаа одлични перформанси и кои изработија многу интересни и креативни проекти. Најпрво, сподели ни нешто за себе!

Јас сум Харита Су, имам 44 години и сум дипломиран менаџер по царина и шпедиција. Цел живот цртам и конечно дојде време моето хоби да прерасне во професија благодарение на Brainster. 

 

Зошто се одличи баш за графички дизајн? Како си поминуваш на Академијата?

Се одлучив за графички дизајн за да научам да ги претставувам моите илустрации дигитално. Со тешко срце ја завршувам Академијата. Навистина ми го промени текот на животот и ме подмлади. Стекнав големо знаење и многу пријателства. 

 

Беше дел од едно незаборавно искуство каде што имаше задача да испорачаш едно креативно решение за клиентот Маринов Дизајн. Раскажи ни повеќе за овој проект.

Навистина ми беше чест да креирам лого за бренд со традиција подолга од еден век, а уште посреќна ме прави фактот дека ги исполнив нивните барања и очекувања. За некој кој е на почеток на нова кариера ова има големо значење. 

 

Која беше идејата зад проектот и целта што требаше да се постигне?

Идејата беше да се дизајнира модерно, уникатно и минималистичко лого кое ќе ја претставува долгата традиција на рачно изработен накит од месинг и бакар. Лого кое ќе им го привлече вниманието на домашните и странските потрошувачи. 

 

 

Како се одвиваше целата соработка и кои беа барањата од страна на клиентот? 

Соработката беше одлична и од страна на клиентот, но и од страна на менторот Александар Нофитоски. Барањата беа конкретни и ни оставија доволно слобода во однос на дизајнот. 

 

Како успеа да се соочиш со предизвиците, притисокот од рокови, а притоа да креираш едно вакво интересно решение? 

Обожавам вакви предизвици. Се посветувам целосно и не ми пречи работата под притисок, ниту поставените рокови. Напротив, тоа ме прави уште повеќе креативна. 

 

За крај, како работата на реални проекти влијае врз вашите знаења и вештини? 

Со секој проект, не само што учиме нешто ново, туку и се усовршуваме и стремиме кон некоја перфекција. Сепак нашите дизајни ги презентираме пред реални клиенти и сакаме сето тоа да биде ,,спакувано” на професионален начин. Со работењето за реални клиенти се чувствува и компетитивноста помеѓу колегите, а со тоа и стремежот кон успех.

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

Како до 1.000.000€? 🤫