Во оваа дигитална ера, графичкиот дизајн, односно, уметноста на визуелно пренесување пораки ја надмина обичната новина и стана суштински јазик во современата комуникација.
На Академијата за графички дизајн теоријата се среќава со праксата, а студентите работејќи на реални проекти за реални клиенти ги користат софтверите и алатките кои ги изучуваат.
Последниот проект на кој работеа тие беше под менторство на инструкторот Александар Нофитоски по модулот Лого и визуелен идентитет. Студентите имаа задача да изработат лого и визуелен идентитет за клиентот Healthy Life Skills.
Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она на Миле Митев – дел од победничкиот тим на Хакатонот за Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје.
Во продолжение си поразговаравме со Миле за искуството на Академијата за графички дизајн

Здраво Миле! Ти си еден од студентите кои покажаа одлични перформанси и кои изработија многу интересни и креативни проекти. Најпрво, сподели ни нешто за себе!
Здраво, здраво! Моето име е Миле Митев, имам 20 години и доаѓам од Струмица. Студент сум на Aкадемијата за графички дизајн. Години наназад почнав да се занимавам со дизајн и ден-денес тоа е мојата пасија. Обожавам да слушам добра музика, да гледам фудбал и сум голем фан на Барселона.
Беше дел од едно незаборавно искуство каде што имаше задача да испорачаш едно креативно решение за клиентот Healthy Life Skills. Раскажи ни повеќе за овој проект.
Нашиот проект беше зададен од нашиот одличен ментор Александар Нофитовски, а наш клиент беше Билјана Пешева која е основач на организацијата Healthy Life Skills. На проектот работевме индивидуално за да го постигнеме посакуваното решение.
Која беше идејата зад проектот и целта што требаше да се постигне?
Идејата зад оваа задача беше да изработиме лого дизајн и бренд идентитет за Healthy Life Skills, а и за Билјана Пешева којашто е професионален тренер, јога инструктор и едукатор.

Како се одвиваше целата соработка?
Можам да кажам дека соработката се одвиваше одлично и дека брифот од клиентот ни беше добро објаснет. Барањата од клиентот беа да изработиме лого и бренд идентитет за самата личност и за организацијата, и тие две да ги споиме во едно за да ја опише Билјана и самата организација во целост.
Како успеа да се соочиш со предизвиците, притисокот од рокови, а притоа да креираш едно вакво интересно решение?
Јас сум човек којшто најдоброто од себе и својот максимум го дава кога работи под притисок. Дали тоа било последен ден или последен час, тогаш сум најдобар. Можам да кажам дека одвоив многу време и труд, и дека верував во тоа што го правам, и бев оптимистичен дека моето решение ќе биде победничко. Се надевам дека моето решение ќе трае подолго време и дека исполнив сè што бараше клиентот. Секогаш сум отворен за предизвици и за секој клиент го давам својот максимум.
За крај, како работата на реални проекти влијае врз вашите знаења и вештини?
Секако дека влијае многу. Мислам дека баш тие проекти нè зајакнуваат за во иднина да знаеме како да размислуваме и како да ги решаваме проблемите. Можам да кажам дека преку реалните проекти и менторите научив многу, не само дизајн, туку и многу други работи кои верувам, ќе ми бидат потребни понатаму.
Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!
На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!
