Софија Краљевска е алумна, а воедно и Dream Team студент од Академијата за графички дизајн, која се одлучи по завршување на средното училиште да продолжи со своето образование на Brainster – Академијата за графички дизајн.
По комплетирање на програмата, Софија започна да ја гради својата кариера во хрватската компанија Eurocom на позиција Junior Graphic Designer.
„Она што најмногу ме мотивира да се надградувам и постојано да учам нешто ново околу оваа професија е слободата на изразување која ја овозможува дизајнот. Без разлика дали работиме за некој клиент или на некоја своја лична творба, секогаш имаме простор да оставиме дел од себе во тој дизајн“, ни сподели таа.
Си поразговаравме со Софија за нејзиното кариерно патување
Здраво Софија! Можеш ли да ни кажеш што влијаеше врз твојот избор да се запишеш на Академијата за графички дизајн?
Она што најмногу ме привлече да се запишам на Академијата за графички дизајн беше можноста за стекнување нови знаења за функционирањето на дизајн светот и фактот дека истите можам да ги стекнам за краток период.
Ти си уште еден студент кој потврдува дека со упорност и посветеност може да се постигне сѐ. Како си помина на Академијата за графички дизајн? Имаше ли предизвици во процесот на учење и совладување на техниките?
Искуството што го стекнав на Академијата е навистина еден пример дека може да си го промениш животот во краток период, носејќи правилни одлуки. Предизвиците беа и сѐ уште се дел од мојот пат кон поуспешна кариера, а благодарение на Brainster лесно ги совладувам.
Кои вештини ти помогнаа полесно да ја совладаш програмата на Академијата за графички дизајн?
Вештини кои ми помогнаа да ја совладам ефикасно Академијата, се посветеноста и константноста во следење на програмите и интересот за самата професија и предиспозициите кои ги нуди истата.
Почетокот на твојата кариера како Junior Graphic Designer ја започна во Eurocom. Раскажи ни како изгледа работен ден?
Јас мојата кариера како графички дизајнер ја започнав пред еден месец во хрватската компанија Eurocom и моментално работам на полно работно време на позицијата Junior Graphic Designer.
Како дизајнерот гледа на светот и на работите околу него?
Како дизајнери секогаш посветуваме внимание на некои минимални работи од секојдневието и сакаме да придонесеме истите да еволуираат, да изгледаат можеби за нијанса подобро од тоа што се, или пак едноставно да оставиме некој свој придонес во изгледот на некој постер, амбалажа и слично.
Каде се гледаш за 5 години во иднина?
За пет години отсега дефинитивно се гледам сѐ уште во дизајн светот. Примарна цел ми е да се надградувам секој ден, и така ден по ден постепено да се приближам до некои нови предизици коишто ги носи оваа професија. Затоа што сфатив дека оваа област нуди огромен спектар на професии кои се во близок контакт со дизајнот, па би сакала да ги искусам.
За крај, што е она што тебе те охрабри да се запишеш на оваа Академија и да ја промениш својата кариера? Што би ги советувала сите оние кои допрва размислуваат за кариера како графички дизајнери и сакаат да преземат ваков чекор?
Она што мене ме охрабри да ја запишам оваа Академија е всушност предизвикот што сама си го зададов, а тоа е да не одам директно на факултет, тука да испробам нешто различно, а тоа е Brainster. Она што можам да го кажам од моето исkуство е дека предизвикот секогаш се исплати и дека мене лично не ми е криво ни за еден час ислушан на оваа Академија бидејќи сега ја работам професијата што отсекогаш ја посакував.
Со новата Brainster + Академија за графички дизајн за 0 денари ти обезбедуваме дополнителни 20 курса кои ќе те издвојат од конкуренцијата во графичкиот дизајн.